Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Bizniszaednica fin

На 20 јануари 2019 година на состанок на Ротари Клуб Велес гостин-спикер беше г-дин Душко Христов, кој во својство на претседател на “Банка за храна Македонија” ги презентираше хуманитарните активности на оваа организација која е дел од Европската Федерација на Банки за храна.

На состанокот се разговараше за можностите за заедничка соработка и поддршка на проектите на Банката за храна, насочени кон собирање, селекција и дистрибуција на прехранбени производи до ранливите категории граѓани.

bizniszaednica1 fin

Најголем дел од присутните членови на Ротари клуб Велес се бизнисмени кои имаа можност да слушнат информации и за реализацијата на проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“

Настанот го организираше ЗГ „Хаус оф хоуп – Ленче Здравкин“ и Фондација „Фокус“.

Проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ е регрант на „ВСС ЕФЕКТ - Банка за храна“. Грантот е дел од неформалната мрежа за банкарство со храна ИПА-2017/394-257-БХМК, финансиски поддржан од Европската Унија.