Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

lencepredkuka fin

На 4 ноември 2019 година започна мапирањето на семејствата во социјален ризик кои живеат во централното градско подрачје на градот. Тие се евидентираат како една од активностите на проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ што партнерски го реализраат „Хаус од хоуп - Ленче Здравкин“ и Фондација „Фокус“.

Мапирањето се реализра според податоците од евденцијата на „Хаус од хоуп - Ленче Здравкин“. Освен евдентиранте семејства се посетуваат и останати што се откриваат на лице место. И во овој дел од градот има семејствата што живеат во субстандардни услови или се соочуваат со проблеми од секојдневно обезбедување на храна, како и плаќање на сметките за струја или вода.

Со нови податоци се дополнува генералниот список на проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ додека се бришат семејствата кои излегле од социјален ризик.

Проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ е регрант на „ВСС ЕФЕКТ - Банка за храна“. Грантот е дел од неформалната мрежа за банкарство со храна ИПА-2017/394-257-БХМК, финансиски поддржан од Европската Унија.