Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

lencevercavesa fn

На 22 ноември 2019 година, извршната директорка на Фондација „Фокус“ Убавка Јаневска и претседателката на „Хаус оф хоуп“ Ленче Здравкин остварија работна средба со претставничките на општина Велес на која беше промовиран проектот.

lenceverca fn

Пред раководителката на Одделението за јавни дејности Верица Тодоровска и државната службеничка Родна Трајковска задолжена за комуникација и соработка со граѓански сектор беа презентирани активностите на проектот. Во дискусијата Тодоровска потенцираше дека со очекуваниот трансфер на надлежности од социјалната сфера, што се дел од децентрализацијата, општината ќе има потреба од финалниот производ на проектот. „Е-базата“. За државната администрација е особено значајно што Фокус и Хаус оф хоуп, ќе ја надградуваат и редовно ажурираат. 

jasselfisoopshtinarkite fin

Тодоровска ќе го информира градоначалникот Аце Коцевски за реализацијата на проектот на територијата на општината. Таа во исто време побара конкретни предлози со кои и Општина Велес би можела да помогне во делот на реализацијата на проектот. 

Проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ е регрант на „ВСС ЕФЕКТ - Банка за храна“. Грантот е дел од неформалната мрежа за банкарство со храна ИПА-2017/394-257-БХМК, финансиски поддржан од Европската Унија.