Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

SredbavoDetskagradinka1

На 8 јуни се одржа втората координативна средба со директорките на ОУДГ „Димче Мирчев“, Маја Велиновска и на ПОУ „Маца Овчарова“, Мирјана Стефановиќ со извршната директорка на „Фокус“, Убавка Јаневска во дворот на детската градинка , каде беше разгледана површината за реализација на проектот и утврдено кои вид на садници да се насадат, потребите од набавка на алатки , садови –жардињери ,мрежа за оградување на просторот црева за наводнување.

Беше донесена одлука за поставување на вертикални градини и набавка на палети преку донации, додека за доуредување на просторот беше предложено да се побара и финансиска поддршка од Општина Велес. Потребниот материјал, доколку се обезбеди ќе овозможи истите да бидат вертикални градини и на нив закачени жардињери, кои ќе бидат погодни во зима да се преместуваат во внатрешните простории на објектите .

Договорено беше да се информираат и запознаат родителите на децата за да се мотивираат преку донаторска акција на стаклени тегли да помогнат и им овозможат на децата во садење и набљудување на процесот на `ртење на семињата, пресадување, врзување на плод и берба.

Беа утврдени површините за подигнување на пласениците во дворните места  и избрани видовите на градинарски производи што ќе се засадат и од чија берба ќе дегустираат децата за време на нивнит престој во градинката одосно училиштето.

Околу засадувањето на предвидените по 25 туи, во дворовите на двете институции, беше договорено да бидат засадени откако ќе биде договорена средба со лице од ЈП „Национални шуми“ кое стручно ќе посочи локации и погодно време за засадување.  Средбата да ја договори Фондација „Фокус“.

Проектот „Зелени детски градини“ е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање на конкурсот за распределување за средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности на граѓански организации од областа на животната средина за 2020 со поддршка од 300.000,00 денари.