Публикации

policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

MajaMareUbavkavraboteni fin

ЈП „Национални шуми“ позитивно одговори на барањето на Фондација Фокус со партнерите ОУДГ „Димче Мирчев“ и ПОУ „Маца Овчарова“ во проектот  „Зелени детски градини„ што беше причина Маре Басова помошник директор во националното претпријатие да дојде на средба во Велес. На 3 јули Басова прво го посети ПОУ „Маца Овчарова“ и разговараше со директорката Мирјана Стефановиќ за планирање на просторот во дворот и особено за месата на кои што треба да се засадат туите кои се дел од „Зелената детска градина“.

Басова исто така го посети и шестиот клон на детската градинка „Димче Мирчев“ каде што разговараше со директорката Маја Велиновска ,исто како и во ПОУ Маца Овчарова, двоорот беше фоторафиран за да бидат точно утврдени локациите за засадување на туите и останатиот хортикултурен саден материјал.

Помошник директорката на Национални шуми соопшти дека ќе подготви детални скици препорача начин на обработка на земјата ,подготовка, вид на потребен хумус, количина како за градината така и за жардињерите, начин на засадување на видови на потербни семиња.

MajaiMare fin

Таа исто така препорача кој вид на сезонски зеленчук да се сдаи веднаш по подинувањето на фолиите како и билки кои исто како здрава храна можат да се одгледуваат во жардињери во сите четири годишни времиња.

На средбата присуствуваа и вработените во шестиот клон на ОУДГ„Димче Мирчев“ кои и поставија прашања за реализацијата на уредувањето на „Зелената детска градина“.

Проектот е финансиран од министерството за животна средина  и просторно планирање на конкурсот за распределување за средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности на граѓански организации од областа на животната средина  за 2020 со поддршка од 300.000,00 денари.