Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

02

На писмата со барање на донации во палети што Фондација „Фокус“ ги испрати до компаниите „Хемомак“ Велес и „Ронтис“ Велес стигна потврден одговор.

01

Тие донираа вкупно „150 Еу-палети“ за потребите од подигнување на вертикалните градини за проектот „Зелени детски градини“.

03

Палетите беа транспортирани и дезинфицирани на 24.08. а потоа започна и бојадисувањето од страна на вработените во ОЈУДГ „Димче Мирчев“ за потребите на вертикалните градини.

Потоа техничките служби ги поставија како ѕидови на кои ќе се закачат жардињерите со засадени билки како мајчина душица, нане, магдонос и други видови од страна на учесниците или децата од клонот „Ѕвончица“ и учениците во ПОУ „Маца Овчарова“.

На вработените во градинката им помогнаа волонтери на Клуб на млади на Фокус и Детски парламент. Волонтерите помогнаа и во украсувањето на дворовите, особено во детската градинка, затоа што таму за разлика од училиштето има доволно ѕидови и патеки.