Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

viber image 2020 12 10 15 18 25

Според подготвените Планови, од страна на психолозите во двете партнерски институции на Фондација „Фокус“, имплементирањето на активностите од проектот „Зелени детски градини“ започна со едукативен час на кои децата и учениците го изгледаа едукативниот детски филм „Семенко“.

 

viber image 2020 12 10 15 18 41

Филмот ја содржи приказната за засадување на семе и процесот на `ртење на семето во стебло како и формирање на плод.

viber image 2020 12 10 15 18 50

04

Со помош на наставниците и воспитувачите, надгледувана од проектниот тим, беше развиена и едукативна дискусија за процесот што треба да се реализира веќе на првите едукативни и работни работилници за полнење на жардињерите со хумус и сеење на семето на билките што ќе се одржи во втората половина на септември и почетокот на ноември 2020 година.

Децата од клонот „Ѕвончица“ на ОУДГ „Димче Мирчев“ и учениците од ПОУ „Маца Овчарова“ освен што внимателно го следеа филмот во дискусијата имаа десетици прашања  како што се: За колку време ќе порасне мајчина душичка и кога од неа ќе го испијат првиот чај, колку магдонос, копар и нане ќе наберат од една жардињера, за колку вреќе ќе ја пробаат засадената леќа и пченица како и што ќе садат од зеленчук а што од овошје?