Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

 120998520 691789321692616 8560365998247167304 n 1

Во месец септември 2020 година започнаа едукативните работилници од проектот „Зелени детски градини“ со дечињата од клон „Ѕвончица“ во ОЈУДГ „Димче Мирчев“ во Велес.

121067647 418050735850543 3765670123076093238 n

Едукацијата се одржуваше според протоколите за заштита од ковид-19. Затоа едукативните работилници се одржуваа во дворот на градинката. По засадените мешункасти плодови во стаклени тегли и започнатиот процес на `ртење децата набљудуваа и се подготвуваа за засадување на билки во жардиниери.

121055350 1615561285290945 2052700976029051709 n

121081973 384503139246412 6563923789845843584 n

На првата едукативна работилница,проектниот координатор Убавка Јаневска и асистентката Весна Кочова,интерактивно разговараа со малите градинари какви билки и зошто сакаат да ги засадат како и за придобивките од овие хербални растенија. Потоа ги нацртаа и од нив беше направена ликовна изложба. Сите цртежи беа убави и отценети со највисоки оценки, преку аплаузи.

121678593 257533225685184 4977154336151430067 n

121187605 385106442650569 5938143676964488849 n

А штом дечињата се определија за мајчина душичка, невен како и камилица и констатираа дека чајот кој ќе биде подготвен од нивните одгледани билки ќе го пијат затоа што научија како тој придонесува за здрав живот. Исто така, здрава храна одлучија да конзумираат откако ќе ги одгледаат леќата и пченицата што ќе се зачинат и со бербите на магдонос и нане. Секој плод што ќе го даде нивната мала зелена градина ќе биде предаден на чичко Борче, нивниот кувар, и употребен во кујната за подготовка на вкусен оброк.

121723332 373556483788805 6780285899539812787 n

121614662 3356117094437292 222363033797669839 nДецата со градинарските алатки, купени од проектот исто како и жардиниерите ги наполнија со хумус за потоа откако на втората едукативна работилница за здрава храна го набљудуваа семето и се запознаваа со големината и формата, учествуваа и во засадувањето. Жардиниерите беа подготвени и внесени во занималните за да бидат што поблизу до нив и секојдневно да се набљудува растот на билките и мешункастите плодови.

120998288 711693749419067 2858403373855366506 n

Проектот „Зелени детски градини“ е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија од програмата за поддршка на граѓански организации за 2020 година и финансиски поддржан од Општина Велес.