Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

POU1

Училишната зелена детска приказна во ПОУ „Маца Овчарова“ започна на седми октомври 2020 година и убаво се совпадна со „Детската недела“, која секоја година се одбележува од 5 до 9 октомври со разни активности. Автор на приказната е Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“-Велес преку прооектот „Зелени детски градини“.

121796994 762563691267066 4708610177864246301 n 121649017 1294496367567730 958582283876067172 n  121810917 2750507261892895 6632181026585872509 n

Преку организирање на настани и работилници за создавање на зелена училишна градина се остварува целта: учениците да се едуцираат, да го запознаат процесот и да учествуваат во засадување, негување и израснување на зелени млади стебленца од билки и зеленчук, извор на здрава храна. Ова е само почеток, во кој, се разбира, главни учесници се учениците, со поддршка од нивните наставници и стручни соработници, а првата активност, лесна и интересна: Украсување и означување на имиња од учениците, на стаклени тегли во кои ќе засадуваме семчиња од леќа и пченица.

122846830 363637821554265 6489280016889257035 n  122704681 425766735486249 4787370290384318627 n

Училниците се претворија во мали работилници во кои со внимание и задоволство се употребуваа бои, фломастери, самолеплива хартија и набрзо се добија украсни тегли спремни за следната активност.

POU2 POU4 POU3  

Следната активност, се одржа на 9 октомври 2020 година кога топлите зраци на есенското сонце, во училишната сензорна градина, во која полека но сигурно, се подигнува „Зелена детска градина“, во ПОУ„Маца Овчарова“ нашата нова пријателка, Убавка Јаневска, координатор на проектот од Фондација за локален развој и демократија „Фокус“, ги запозна учениците со значењето на зеленчукот во здравата исхрана на децата.

121596163 3395451260550674 6018048310203136707 n  121231196 3182232505236328 3239314589287420007 n

Впечатоците од презентацијата, вредните ученици од I до V и од VI до IX одделение сликовито ги прикажаа во своите цртежи, со помош и поддршка на наставниците, а потоа во своите жардинери засадија семиња од пченица и леќа. 

121185856 3182238395235739 5453775185832795683 n   

Впечатоците од презентацијата, вредните ученици од I до V и од VI до IX одделение сликовито ги прикажаа во своите цртежи, со помош и поддршка на наставниците, а потоа во своите жардинери засадија семиња од пченица и леќа.  

 121220679 3182237541902491 663951187313555846 n

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Проектот „Зелени детски градини“ е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија од програмата за поддршка на граѓански организации за 2020 година и финансиски поддржан од Општина Велес.