Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Oleedukator fin

Во клонот „Ѕвончица“ со малите пријатели на Фокус денеска, 15 октомври 2020 година, се одржа работилница на која учесниците во проектот беа едуцирани за значењето на дрвјата за чист воздух во животната средина. Децата прво раскажаа импресии од секојдневното набљудување на засадените билки и мешункасти плодови во жардиниерите на претходните едукативни работилници.

Едукаторот Олгица Наумоска со малите пријатели на Фокус разговараа како посакуваат да изгледа нивниот двор во градинката што ја посетуваат и кој се ќе биде заслужен за поубавиот изглед како и почистиот воздух.

Interaktivnasodecata fin

Децата, учесници во проектот, ги соопштија имињата на дрвјата кои се најголеми прочистувачи на загадениот воздух потоа кои видови од нив би можеле да се засадат за дворот да биде уште поуреден.

Наумоска потоа го објасни начинот на засадување на дрвјата, потребата од секојдневна грижа и негување, за да израснат што повисоко и да придонесат за прочистување на воздухот и подобрување на животната средина во нивниот роден град.

Во едукативниот дел децата зборуваа и за дворовите на своите домови, колку во нив имаат место дрвјата, цветовите, декоративните садници како и градините во кои може да се засади зеленчук. Така беше создавана приказната, со мотивирачка цел, за грижа за секоја садница во дворните површини на домовите, градинките, институциите но и на јавно прометните површини во Велес.

Cadorce fin

Во ликовниот натпревар децата ги нацртаа домашните, дел од нив и градините на детската градинка, во кои прикажаа повеќе видови на дрвја, трева, сонце и вода како неопходни за раснење на засадениот дрворед.

По подготвената изложба од ликовни цртежи следеше пауза за задолжителната ужинка и секако избор на најубавиот цртеж награден со најгромогласен аплауз.

Vtoraedikativnarabotilnica Graginka zasaduvanje

Потоа вредните градинари повторно со помош на градинарскиот алат ги дополнија жардиниерите со хумис и го досадија преостанатиот саден материјал од хербални растенија за нивната вертикална градина.

Вкупно се засадени магдонос, нане, мајчина душица и други билки во 80 жардиниери кои сега се наоѓаат во холовите и занималните на градинката. Тие секојдневно се набљудуваат, наводнуваат и мерат од страна на децата. За поттикнување на едукативниот процес Фокус на децата им подари креативно метро.

VtoraedukativnarabotilnicaGradinkametro fin

Проектот „Зелени детски градини“ е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија од програмата за поддршка на граѓански организации за 2020 година и финансиски поддржан од Општина Велес.