Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

OlevoPOUMacaOvcarova1

Со учениците на ПОУ „Маца Овчарова“, денес, 15 октомври 2020 година се одржа втората едукативна работилница во која учениците во градината продолжија да се едуцираат за значењето на дрвјата за чист воздух во животната средина.

Во едукацијата на учениците се вклучија Олгица Наумоска од ЕД„Вила Зора“ ,дефектологот од ПОУ„Маца Овчарова“, Кристина Јанковски и Убавка Јаневска од Фондацијата „Фокус“.

Наумоска низ интерактивен пристап го објасни начинот на засадување на дрвјата, потребата од секојдневна грижа и негување, за да израснат што повисоко и да придонесат за прочистување на воздухот и подобрување на животната средина во нивниот роден град.

VtoraedukativnaMacaOvcarovasonastavniska

Потоа во едукацијата со своја PowerPoint презентација се вклучи и Кристина Јанковски прилагодувајќи ги едукативните содржини да бидат што порабирливи за учениците.

Direktorka Damjanovic

Приказните, се создаваат за да се раскажуваат и да „патуваат“до многу дечиња и ученици.Во медиумското патување на училишна зелена приказна во ова училиште се приклучи и директорката Мирјана Дамњановиќ, која преку својата изјава ја доближи приказната до локалната и поширока општествена јавност.

VtoraMacaOvcarovacrtanje fin 

Учениците исто така цртаа дрвја и растенија што очекуваат да помогнат во прочистувањето на воздухот и животната средина во загадениот Велес , а ги засадија и преостанатите семиња од магдонос, нане и мајчина душичка во жардиниерите. Беше создадена и ликовна изложба.

VtoraMacaOvcarovacrtezisoSonja

Среќните лица на дечињата и радоста што ја покажаа додека се грижат за засадените семиња и веќе израснати млади стебленца во нивните тегли, ја покажаа и при засадувањето во 20 жардиниери. Наставниците со своите ученици го продолжуваат набљудувањето и мерењето на висината на стебленцата, со подареното метро од новата пријателка, тетка Убавка од Фондацијата за локален развој и демократија, „Фокус“-Велес.

ZasaduvanjesoJordesnima

Проектот „Зелени детски градини“ е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија од програмата за поддршка на граѓански организации за 2020 година и финансиски поддржан од Општина Велес.