Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Proekt CRPM fin

Проектот „Еднаквост за одржлив развој на заедницата – Креирање на база на податоци за родово буџетирање“ на „Фокус“ на 7 декември 2020 е избран за регрант од страна на ЦРПМ.

Користејќи родово буџетска анализа на корисници, Фондацијата „Фокус“ од Велес во рамки на Мрежата за родов надзор на буџетот ќе работи со етничките заедници во Општина Велес со цел детектирање на потребите и предизвиците со кои се соочуваат учениците и ученичките, особено во време на пандемија предизвикана од Ковид 19.

Дополнително, фондацијата ќе работи и со членовите на општинската Комисија за еднакви можности, службите, Градоначалникот и Советот на Општина Велес со цел распределба на буџетот за образование за 2022 година во согласност со потребите утврдени кај ученичките и учениците од повеќе етнички заедници кои живеат во Велес.

Проектот ќе се реализира во наредните шест месеци со финансиска поддршка на Центар за истражување и креирање на политики чиј донаторот е Аustrian Development Agency и SIDA во рамки на GBWN мрежа за родова еднаквост.