Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Zasadenitui1

Дрвореди од туи се засадени на 28 декември 2020 година викендов во дворовите на посебното основно училиште „Маца Овчарова“ и на клонот на ОУЈДГ „Димче Мирчев“ што се наоѓаат на левата страна на Велес. Ги засадија акцијашите ветерани на Работната бригада „Кочо Рацин“, поддржувачите на „Фокус“ и вработените откако претходно се ископаа дупките.

Дрворедите се дел од седуммесечниот проект „Зелени детски градини“ на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ во кои децата од клон „Ѕвончица“ на детската градинка „Димче Мирчев“ и учениците од ПОУ„Маца Овчарова“ се едуцираа за одгледување на билки и зачини, од сеење на семе преку одгледување на стебла до прва берба, како и за заштита на животната средина во Велес со засадување на што поголем број на садници и дрвца. Во едукацијата учествуваа и вработените, негувателки, воспитувачи, наставници и технички персонал.

Zasadenitui2

Сега дворовите на двете образовно згрижувачки институции добија сосема нов изглед. Тие се украсени со вертикални градини.

Zasadenitui3

Дрворедите ќе го прочистуваат воздухот и ќе ги разубавуваат дворовите. Тоа е особено значајно за време на пандемијата со коронавирусот затоа што и двете институции ќе имаат простор за училници на отворено.

Во дел од активностите проектот го помогнаа „Делта Пром“, Фабрика за шински возила - Велес, ЈКП „Дервен“, „Ронтис“ и „Хемомак“.

Проектот „Зелени детски градини“ е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија од програмата за поддршка на граѓански организации за 2020 година и финансиски поддржан од Општина Велес.