Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1


ROB 1

Серијата активности поврзана со работа во фокус групи, интервјуа и разговори во рамки на проектот „ Еднаквост за одржлив развој на заедницата – Креирање на база на податоци за родово буџетирање“ започна во среда, на 17.03.2021 година кога проектниот тим на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ ја одржа првата фокус група со родители на ученички и ученици.

Целта на проектните активности се детектирање на проблеми и предизвици со кои се соочуваат учениците и ученичките за време на пандемија предизвикана од Ковид-19.

Од оваа одржана работна ЗООМ средба произлегоа следниве ставови и предлози: родителите сметаат дека онлајн наставата e форма на образование што ќе уназади генерации на ученици затоа што голем дел од учениците и ученичките воопшто не се вклучувале на наставата, времетраењето на часевите е кратко и не дава доволно можност да бидат редовно испрашувани и квалитетно да им се предаде материјалот, некои од учениците и ученичките не можат сами да го совладаат материјалот и на истите им е потребно дополнително објаснување и работа со нив.

Од друга страна, родител коишто е професор но и претседател на Советот на родители во основно училиште посочи дека времетраењето на часовите од 35 минути е доволно но дека се зависи од инвентивноста на наставникот/чката и изрази незадоволство од алаткитешто на образовните работници им се ставени на располагање за изведување на онлајн настава. При тоа констатираше дека државата влегла во овој начин на настава сосема неподготвена затоа што наставничките и наставниците по математика купиле од сопствени средства посебни табли за да ги приклучат на ИТ уредот за да можат да реализираат часови, други набавувале ИТ опрема, често и адаптери за лаптопи, додека професорите по предметите за вештини како што се ликовно, музичко, техничко и физичко немаат можност за изведување на наставата онлајн.

ROB 2

Родител и Претседател на Советот на родители во средно училиште изрази негодување затоа што со онлајн наставата ќе се произведат нови генерации на недоволно образовани ученици, апелираше да не се префрла вината само на државата туку секој од родителите да вложува во образованието на своите деца, да не се премолчува од страна на професорите фактот дека се соочуваат со неприсуство на учениците и ученичките на часеви, да се превземат по ригорозни мерки односно реално да се оценува секој ученик и ученичка според покажан резултат и ако е потребно да се примени методот на повторување на учебната година.

Проектот се реализира во временски период од шест месеци со финансиска поддршка на Центар за истражување и креирање на политики чиј донаторот е Аustrian Development Agency и SIDA во рамки на GBWN мрежата за родов надзор на буџетот.