Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

ROB3

Членови на Комисија за еднакви можности на мажите и жените на Општина Велес и директори и директорки на основните и средните училишта во град Велес учествуваа во работата на втората фокус група од проектот „Еднаквост за одржлив развој на заедницата – Креирање на база на податоци за родово буџетирање“ што се одржа на ЗООМ платформата во четврток, на 18.03.2021 година.

Тие дадоа одговори на повеќе прашања поврзани со изведувањето на настава на далечина во Општина Велес. Поточно учесниците од комисијата одговорија на прашањата кои и колку од усвоените мерки се за создавање на услови за непречено следење на онлајн наставата од страна на учениците и ученичките, колкав е процентот на обезбедени и поделени уреди и приклучок на интернет, од март 2020 до март 2021година, на ученици и ученички на кои им беа потребни, колку семејства и ученици/чки може да ги користат овие уреди за учење на далечина, колку финансиски средства од програмата за образование на Општина Велес се наменија за помош на ученичките и учениците како и на училиштата ( основни и средни) како и за тоа дали сметаат дека превземените мерки се доволни. Исто така дадоа и предлози што треба да се усвојат со цел да придонесат за подобрувањето на онлајн наставата во општината.

Директорите и директорките на основни и средни училишта го истакнаа мислењето дека ништо неможе да го замени физичкото присуство на учениците/чките, но образованието мора да продолжи на најдобар можен начин од страна на наставниците и наставничките како и со вклучените педагошко-психолошките служби. Со оглед на сомнежот и стравот дали ќе функционира овој вид на настава, тие искажаа задоволство од тоа како сите чинители на образовниот процес ги организирале своите задачи и соопштија дека наставата на далечина ги исполнила нивните очекувања. Недостатокот од добра интернет конекција и недостатокот од ИТ уреди, што се појавија на почетокот на учебната година, се обезбедени се со цел наставниците и наставничките коишто ја одржуваат наставата да немаат проблеми. Исто така и за учениците и ученичките кои во училиштата изведуваат практичната настава.

Согласно планот и протоколот за реализација на наставата во основните и средните училишта, за следење на знаењето и утврдување на оценка на учениците/чките директорите и директорките соопштија дека може да се одржуваат индивидуални консултативни средби со наставничките и наставниците со физичко присуство во училиштата. Апелираа многу да се внимава на психолошкиот аспект и намалената социјализација, бидејќи прва година има ученици/чки кои ни меѓусебно ниту со наставниците и наставничките се немаат лично запознато.

Членови на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените на Општина Велес искажаа свое мислење дека од витално значење е наставата да биде со физичко присуство кога сите квалитети и афинитети (инвентивност, посветеност и креативност)на наставникот/чката најмногу можат да дојдат до израз но во оваа вонредна состојба тие прават се што знаат и умеат за да го одржат континуитетот на квалитетна настава. При тоа констатираа дека финансиите, менталното здравје, концентрацијата,социјалната дистанца предизвикаа да се зголеми анксиозноста на учениците и ученичките и во исто време апелираа да се сочува менталното здравје на децата и што поскоро да се врати се во нормала бидејќи штетата е голема. Исто така, тие посочија конкретни примери како би можело да се подобри образованието или со зголемена физичка активност , учење на децата преку игра, подигнување на свест за хигиена, почит, култура, како и да се усмеруваат децата од мала возраст кои за што има афинитети.Исто така укажаа дека се потребни реформи во образованието што ќе овозможи подигнување на квалитетот според афинитетите на ученичките и учениците.

За напредокот на државата потребено е да се следи образовното напредување на децата, уште од градинка, според афинитетите, што треба низ наставата да се усовршуваат за да постигнатите резултати овозможат тие да станат образувани и квалификувани работници што ќе се стремат да бидат најдобри во својата професија. Многу битно е да се изгради психички здрава младина, со здраво размислување и видици за животот.

Инаку, работата на фокус групата започна со претставување на проектот од страна на проектниот координатор Ангела Давчевска и присутните , за веќе спроведените активности како анкетирање на учениците и ученичките и нивните родители, чиишто мислења беа исто така тема на дискусија. Освен овие во предвид ќе се земат и ставовите, размислувањата и предлозите на присутните во втората фокус група при изработка на Анализа што јавно ќе се презентира на завршен настан на проектот, во месец мај, годинава.

Проектот се реализира во временски период од шест месеци со финансиска поддршка на Центар за истражување и креирање на политики чиј донаторот е Аustrian Development Agency и SIDA во рамки на GBWN мрежата за родов надзор на буџетот.

.