Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Untitled design 28

Здружението за хумано домување "Хабитат Македонија" и Општина Велес спроведуваат проект "Одржлив урбан развој на ромските заедници" чиј партнер во дел од активностите што ќе се спроведуваат на територијата на град Велес ќе биде и Фондација за локален развој и демократија „Фокус“. Договорот е потпишан во месец јануари, 2021 година.

Фондацијата ќе спроведува проектни активности за подобрување на информираноста на граѓаните за значењето на ДУП (Детален Урбанистички План) и урбаниот развој на општината преку три информативни работилници со минимум од 20 учесници за подобрено информирање за процесот на изработка на ДУП, придобивките за семејствата како и можностите за развој на заедницата, две инфо средби со кои ќе и помогне на Општина Велес во процесот на легализација на бесправно изградените куќи за живеење на граѓаните припадници на ромската заедница на четири локации во градот кои веќе имаат или ќе треба да достават документи за легализација на домови, ќе биде локална граѓанска поддршка во планирање и спроведување на иницијативи за одржлив урбан развој на заедницата како и за формирање на локална лидерска група со 15 до 20 членови што ке бидат преставици на граѓанскиот, деловниот и јавниот сектор.

Исто така Фокус ке организира три еднодневни обуки за ЛЛГ (Локална Лидерска група), од области на локален урбан развој, партнерство и вмрежување и застапување на други слични, согласно со потребите знаења и вештини на ЛЛГ како и подигање на свеста на граѓаните преку Кампања за важноста на доброто и правилно управување со комуналниот отпад.

Проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ на Хабитат Македонија финансиран е од Европска Унија од грант договор  број EuropeAid /162627/DD/ACT/MK.