Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

viber image 2021 03 31 16 25 28

01.04.2021

Проектниот тим ја одржа третата фокус група на која присуствуваа Претседателот на Советот на Општина Велес, Кирил Гајдов и членките од советничките групи на СДСМ со коалиционите партнери, Надица Калузарова и на ВМРО ДПМНЕ со коалиционите партнери, Каролина Попова. Средбата се одржа на 30.03.2021 (вторник ) . 

Членовите на оваа фокус група беа запознати со проектот од страна на проектниот координатор, Ангела Давчевска како и со досега спроведените активности како што се првични информации од анализите на двете анкети во кои се анкетирани 697 ученици и ученички, 120 родители, како и за одржаните фокус групи со Комисија за еднакви можности на мажите и жените на Општина Велес , директорите и директорките на средните и основните училишта на кои тие соопштија сопствени ставови, мислења и предлози за слабости во изведувањето на наставата од далечина. Како резултат на прашањата што им беа поставени членовите на оваа фокус група презентираа податоци, соопштија свои ставови и мислења за онлајн наставата на територијата на Општина Велес.


Кирил Гајдов, Претседател на Советот на Општина Велес соопшти дека Општина Велес предвидела 1.300.000 МКД за реализација на онлајн наставата. До него досега не стигнале поплаки од родители, училишта, наставници и наставнички како и директорки и директори за квалитетот на интернет и потребни помагала (компјутери, лаптопи, таблети). Во исто време посочи дека во суштина наставата се одвива според протоколите на здравствените власти и препораките на министерството за образование. Гајдов посочи дека секое училиште има свој информатички центар кои вешто менаџира со ресурсите што стојат на располагање. Како Претседател на Совет на Општина Велес, искажа задоволство за начинот на одвивање на онлајн наставата во Велес и велешко.

viber image 2021 03 31 16 25 35


Проектниот координатор Ангела Давчевска во делот на набавка на уреди за учениците/чките и наставниците/чките пренесе два моменти коишто произлегоа од спроведените анкети и реализираните ЗООМ средби. Прва, што се појавува во некои делови од градот Велес кадешто има нефункционалост со картичките за интернет , а втора поврзана со информациите од професори/ки кои од сопствени средства морале да набават дополнителна опрема за квалитетно предавање на својот предмет. Исто така и за проблемите на професорите/ките по физичко, ликовно и музичко образование коишто заради специфичниот вид на предметот што го предаваат се соочуваат со проблеми доколку не покажат инвентивност. Членовите на Советот беа информирани и за сериозноста на проблемот со училиштето во Иванковци, односно желбата на родителите нивните деца да имаат настава во објект со тврда градба наместо во монтажен. Кирил Гајдов укажа дека секој/а наставник/чка може со директорот, општинскиот образовен инспектор, како и републичкиот образовен инспектор да поразговара и да пријави проблем. До сега никој не пријавил проблеми , особено за село Иванковци, и соопшти дека тој ќе ги провери посочените проблеми. Исто така апелираше до сите родители, ученици/чки, наставници/чки, директори/ки доколку има проблем да се обратат се со цел решавање на истите.

Каролина Попова, член на Советот на Општина Велес и просветен работник , посочи дека Советот на Општина Велес досега сторил се што е во негова надлежност за одржување на квалитетна онлајн настава. Попова информираше дека средствата што биле искористени за помош на учениците се пренаменети од општинската Програма за Информатичка технологија за набавка на вкупно 260 таблети , распределени во сите училишта, додека од општинската Програма за детско престапништво биле издвоени 50.000МКД за купување на интернет картички . Тоа било сторено откако биле спроведени анкети меѓу учениците за потреба од уред за следење на наставата. Но
советничката смета дека онлајн настава не може да се следи квалитетно преку мобилен телефон. Исто така, Попова укажа дека е потребна едукација за учениците од делот на градот „Рамина“ бидејќи има информација дека доделените уреди на учениците и ученичките се оштетуваат. Надица Калаузарова, член на Советот на Општина Велес, кажа дека родово базираните прераспределби на помагалата за следење на онлајн наставата не се присутни при поделбата, односно дека без разлика на полот, секој ученик што имал потреба добил уред. Калаузарова посочи дека нивна цел е учениците да имаат квалитетно образование, бидејќи се потребни стручни кадри за да може државата да оди напред. 

Проектот се реализира во временски период од шест месеци со финансиска поддршка на Центар за истражување и креирање на политики чиј донаторот е Аustrian Development Agency и SIDA во рамки на GBWN мрежата за родов надзор на буџетот.