Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

viber image 2021 04 05 14 05 19

Воспоставување на Локалнa лидерскa групa (ЛЛГ) со околу 10-20 членови во Општина Велес, која што ке поседува вештини за соработка, застапување или лобирање за Ромската заедница во однос на теми како што се домување, образование, здравје и урбанизација ќе биде формирана како дел од проектот „Оддржлив урбан развој на Ромските заедници“. ЛЛГ ке ја формира Фондација Фокус во соработка со донаторот на проектот Здружение за хумано домување Хабитат Македонија.  

Фондација Фокус започна со подготовки за формирање на ЛЛГ. Остварени се контакти со неколкумина преставници на граѓаните од Ромска етничка заедница и испратени се писма со покани за вклучување на бизнис заедницата.

Во ЛЛГ ке членуваат преставници на граѓани, граѓански организации и бизнис заедницата во Велес.

Од Локалната лидерска група се очекува да учествува во развојот и градењето на капацитети кои преставуваат клуч на оддржливоста на пректната инвестиција преку вклучување во заедниците. По конретно станува збор за поддршка, охрабрување и изградба на капацитети на граѓани да извршуваат различни задачи и улоги кои се предвидени за нив низ обуки за локален урбан развој, партнерство и вмрежување, лобирање и застапување согласно извештајот од изградените капацитети на Локалната лидерска група.

Проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници„ на Хабитат Македонија финансиран е од Европска Унија од грант договор  број EuropeAid /162627/DD/ACT/MK.