Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Untitled design 4

12.05.2021

Проектниот тим ја одржа четвртата фокус група со претставниците на Одделението за јавни дејности при Општина Велес, адиминистративни службеници како инспекторката за образование, Елена Тевчева и Раководителката Верица Тодоровска. Фокус групата се одржа на платформата ЗООМ на ден 6 мај, четврток . Фокус групата започна со претставување на проектот од страна на проектниот координатор Ангела Давчевска ги информираше присутните дека проектот започна со анкетирање на учениците и ученичките и нивните родители, фокус групи со Комисија за еднакви можности на мажите и жените,Претседателот на Советот и членови на Советот на Општина Велес како и директорите и директорките на средните и основните училишта , чиишто мислења , како и на присутните, ќе се земат во предвид при изработка на анализа што јавно ќе се презентира на завршен настан.

 

Верица Тодоровска истакна дека Општина Велес од планираните буџетски средства обезбедила таблети за сите оние ученици коишто имаат потреба од тоа, а исто така и со донација од „Макпетрол“ биле обезбедени дополнителни таблети наменети за училиштето „Васил Главинов“ заедно со подрачните училишта,при што останале вишок таблети . Таа изјави дека во овој момент нема ниту еден ученик коишто нема уред. Освен ова, Општина Велес ги поддржала учениците и ученичките и со интернет картички, а во скоро време бидејќи е потпишан и договор за донација од „Lycamobile“ во соработка со „Меѓаши“ за доделување на интернет картички за сите оние ученици и ученички коишто имаат потреба од нив. Тодоровска изјави дека ефектот на наставата воопшто не е ист со наставата од претходно, часовите се многу пократко, а со тоа и наставните планови. Таа се согласи дека учениците и ученичките се обременети, повеќе ментално отколку физички, со самото следење на онлајн наставата па тие мора постојано да бидат пред самите уреди. Наставата со физичко присуство била многу поразлична од онлајн наставата, сите биле приморани да се прилагодат на овој вид на настава, а сите оние недостатоци и пропусти од минатата учебна година биле до некаде отстранети. Товарот што го носат учениците и ученичките, сето она што ги опкружува се рефлектира и во наставата.

Untitled design 3

Беше упатено прашање до Елена Тевчева, какви информации доставуваат наставниците во делот на редовното следење на наставата, потенцирајќи дека дел од родителите го предочија како проблем дека се соочуваат со самиот факт што нивните деца знаат дел од наставата да ја пропуштат.

Тевчева одговори дека овие детални информации не доаѓаат до нив, од самите училишта, затоа што тоа е грижа на училиштето, меѓутоа имаат сознание од трети страни дали по усмен пат или писмено. Постојат неодговорни ученици чиишто родители не можат доволно да ги исконтролираат, не затоа што не сакаат , туку затоа што родителите се работно ангажирани и не можат да имаат контрола дали нивните деца се вклучиле на наставата. Таа укажа дека главни фактори за ова се менталитетот, културата, средината во која живеат, а за жал можеби и не се поттикнати, но од друга страна можеби и не се мотивирани од овој начин на настава. Но бидејќи условите предизвикани од пандемијата со ковид-19 налагаат реализација на ваков вид на настава не можеле да бараат вина во најбезболното решение за да може да се одржи учебната година. Тевчева искажа дека се свесни за разликата помеѓу наставата со физичко присуство и онлајн наставата, но друг метод и начин за заштита од оваа пандемија не постоел. Таа потенцираше дека програмата за образование како и секоја година мора да се реализира, како и дека покрај пандемијата процентот на реализација на наставата е доста висок.

Untitled design 5

Верица Тодоровска истакна дека исто така се набавени и лаптопи за сите наставници, во основните и средни училишта во Општина Велес, така што тие ќе бидат опремени со нови лаптопи наменети исклучиво за онлајн наставата, коишто се финансиски покриени од Програмата за Информатички технологии на Општина Велес. Тодоровска смета дека се обезбедени сите потребни ресурси за успешна реализација на онлајн наставата. Според неа дел од училиштата добиле донации од страна на општествено одговорни компании коишто придонесуваат да се олесни изведувањето на онлајн наставата што е можно подобро . Тодоровска изјави дека како и досега, Општина Велес ќе излезе во пресрет на сите тековни потреби и ќе бара решенија за евентуалните проблеми.

Проектот се реализира во временски период од шест месеци со финансиска поддршка на Центар за истражување и креирање на политики чиј донаторот е Аustrian Development Agency и SIDA во рамки на GBWN мрежата за родов надзор на буџетот.