Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

192512980 4327188400625333 3959714495409828183 n

Фондација „Фокус“ согласно планот на активности од Договорот за соработка со Здружението за хумано домување  „Хабитат Македонија“ во проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ во Велес, на 27 и 28 мај 2021 година, во салата за состаноци на Дом на НВО организираше и спроведе две работни средби со потенцијални членови на Локална лидерска група во Велес.

191698501 509505083506818 7294249996281806959 n

До општествено одговорните фирми ДПТГУ „Делта Пром“ и „Малина“ ДООЕЛ Велес беа испратени информативни писма за партиципација на претставници во ЛЛГ на што фирмите се одзваа и испратија по еден претставник, од првата дипломиран Архитект инжинер додека од втората дипломиран Економист. Освен со бизнис заедницата, тимот на „Фокус“ стапи во контакт со Џамискиот одбор на Муслиманската верска заедница во Велес кои помогна во делот на обезбедување на припадници од ромската верска заедница кои живеат во четирите области што се дел од активностите на проектот „Одржлив урбан развој на ромската заедница“.

190518502 297213618742396 6673828528878687028 n

Исто така од База на податоци за социјално ранливи категории на граѓани, со која располагаат „Фокус“ и ЗГ „Хаус оф хоуп – Ленче Здравкин“ таргетираше 12 преставници кои живеат во областите дел од жителите Рамина, Железен мост, Сула Чешма и дел од централното градско подрачје. Потоа беа остварени контакти со директорките на двете основни училишта на десната страна на градот, првото за ученици и ученички со посебни потреби „Маца Овчарова“ и второто ООУ „Панко Брашнар“ во кое учат ученици и ученички од ромска и турска етничка заедница. „Фокус“ доби наставници и претставници на психолошко – педагошката служба за членови во ЛЛГ.

189925862 502457901185602 8411827489260844078 n

Во исто време беше разговарано и со две Приватни здравствени установи кои имаат амбуланти и обезбеди лекарка што работи со најголем број на припадници на ромската и турската заедница. Контакт беше остварен и со ЈКП „Дервен“ од каде беше потврдено членување во ЛЛГ на две претставнички од кои едната од Одделението за комунална хигиена и услуги. На поканата се одзваа и тројца познати хуманитарци во Велес како и претставничка на ЗГ „Акцијаш ветерани“.

190447954 1478969109111326 1831479755691071815 n

По информативниот дел за проектот и споделените искуства од конституирање, функционирање и спроведени активности на ЛЛГ во други градови во Македонија од страна на проект менаџерката  на проектот Теодора Гурмешева и соработничката Александра Савевска, на двете средби за формирање на ЛЛГ се разви дискусија. Во стручниот дел за изработката на ДУПи дополнителни информации даде и Костадин Настевски за потоа со дип.арх.инг Цветанка Саздова да разменат мислења за предностите од плановите во насока на што подобро планирање на просторот, постапки и законски обврски на легализацијата на бесправно изградените градби итн.

189972652 984447045650770 2075073982163417718 n

И на втората средба за формирање на ЛЛГ имаше издржана дискусија поттикната од наставничките и претставничките на стручните служби во двете основни училишта во кои учат најголем број на деца од ромска и турска етничка заедница. Дел од нив дадоа и конкретни предлози што сметаа дека заслужуваат да се најдат во работниот план на ЛЛГ.

Во моментов тече постапката на пријавување на граѓаните учесници на двете средби за составот на Локалната лидерска група во Општина Велес.