Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

RELOADfoto

Во Општина Велес не се нудат формални и неформални програми за обука за занаети од областа на декоративниот дизајн и модниот дизајн, од ниту едно училиште или институција. Преку проектот „Клуч за сопствен бизнис“ се одговора на потребата на млади луѓе во средните училишта во општината преку дизајнирање на програми за области, обезбедување на пракса и правна помош за поттик, мотивација и доближување на самовработувањето преку занает кој е предмет од нивен интерес и е конкурентен на пазарот.

Проектната цел е намалување на идната невработеност по завршувањето на средното гимназиско или друго образование, со обезбедување на стручност и квалификација и поттикнување на процес на самовработување кај 48 ученици од трета година од средното училиште Гимназија Кочо Рацин од Велес, претставници на ранлива категорија на граѓани на Општина Велес кои сметаат дека немаат доволно средства по завршувањето на средното образование да продолжат со образование на државните универзитети. Исто така и да се влијае на намалување на стапката на општата невработеност во градот и зголемување на стапката на самовработување преку изучување на занаети која е и една од целите на поддршка и развој на Општина Велес.

Проектот е предвиден да трае 9 месеци со вкупен буџет од 1,411,635,00 денари. 

„Клуч за сопствен бизнис“ е финансиран преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) во партнерство со Општина Велес и се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).