Конференција ,,Локална демократија и активно граѓанско учество,, во организација на Фондацијата ,,Фокус,, со поддршка на Институтот за трајни заедници преку фондови на УСАИД се одржа во големата сала на општина Велес на 14 декември 2009 година. На конференцијата присуствуваа вкупно 78 учесници. 37 од нив беа претставници од институции, 16 од месни самоуправи, 15 од невладини организации и 10 претставници од медиуми.
Конференцијата започна со воведно излагање на извршниот директор на Фондацијата Веса Шкортова која ги поздрави учесниците и ја објасни целта на конференцијата да се споделат искуства од примената на моделите за граѓанско учество во четирите општини Велес, Градско , Лозово и Чашка и да се поттикне меѓуопштинскатта соработка. Воведни излагања имаа и: заменик министерот за локална самоуправа, г. Ферат Фератоски и градоначалниците на четирите општини со кои соработува фондацијата, г. Горан Петров, градоначалник на општина Велес, г. Глигур Коцев, градоначалник на општина Градско, г. Орце Цветковски, градоначалник на општина Лозово, г. Горанчо Пановски, градоначалник на општина Чашка и г. Kent Lizzio, директор за демократија и локално владеење во УСАИД. По воведните излагања од г. Никола Сталевски од Центарот за истражување и креирање политики и г-а Славица Ќучукова Николова од Фондација ,,Фокус,, беа презентирани резултатите од спроведениот мониторинг за реализација на граѓанските приоритети спроведени од локалните самоуправи во сите четири општини.