На 27.1.2009 год. (вторник) во просториите на Фондацијата “Фокус“ се формираше првата советодавна група граѓани (СГГ). Во составот на оваа СГГ влегуваат преставници на Урбаните заедници, младински НВОи, здруженијата на пензионери и од Одделението за превенција при Полициската станица Велес Главни организатори на средбата се МВР - СВР Велес и ОБСЕ. Овие советодавни групи ќе имаат значење на групи за решавање на проблеми од заеднички интерес на локано ниво.
На оваа средба Началникот на одделението за превенција г-дин Ненко Александров ги презнетираше потребите, целите и предизвиците за основање на локалните СГГ, потоа се избра претседател на СГГ г-дин Диме Велев - програмски директор на Фондацијата ФОКУС.
Овој концепт ке овозможи партнерство преку кои ќе се зајакнат односите помеѓу полицијата и граѓаните, а воедно ќе се подобри и комуникацијата и размената на информации, пред се севкупниот квалитет на живеење.
Фондацијата ФОКУС и Општина Градско, организираа работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2009 год. Работилницата се одржа на 26.12.2008 за претставниците на месните самоуправи, во просториите на Општина Градско.На присутните претставници од 9 месни заедници и НВО, претставници на администрацијата на Општина Градско им презентираа податоците за расположливи средства за 2009 година и можностите за реализација на проекти, а потоа поодделно присутните ги истакнуваа своите приоритети.
На оваа работилница беа идентификувани следните приоритети -
Фондацијата ФОКУС и Општина Лозово, организираа работилница за идентификација на граѓанските приоритети за 2009 год. Работилницата се одржа на 25.12.2008 за претставниците на месните самоуправи, во просториите на Општина Лозово.На присутните претставници од 11 месни заедници и НВО, претставници на администрацијата на Општина Лозово им презентираа податоците за расположливи средства за 2009 година и можностите за реализација на проекти, а потоа поодделно присутните ги истакнуваа своите приоритети.
На оваа работилница беа идентификувани следните приоритети -