Граѓаните анализираа и адресираа проблеми во постапката за градежна дозвола
Со цел зголемено влијание над Општина Велес за отчетно и транспарентно издавање на градежна дозвола и овозможување на квалитетна и ефикасна услуга што ќе гарантира нулта толеранција на корупција, граѓани кои се соочиле со проблеми во законската постапка на издавањето на градежна дозвола анализираа и адресираа пропусти и заедно со експертот дипл. град. инг Костадин Настевски предложија конкретни мерки за остварување на транспарентен процес во делот испораката на сервисите кон граѓаните.
Обуки за невладини организации во проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“
Во рамки на проектот „Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“ на 11 и 12 септември 2018 година во Скопје ќе се одржи првата обука за регрантистите во проектот.
Со акцијата „Велешанки за јавното здравје“ опфатени и вработените во ЈЗУ Здравствен дом Велес
01.04.2020
Сошиени се по две повеќе наменски заштитни маски со мотото на граѓанската акција „Велешанки за јавното здравје“ и за вработените во Здравствениот дом во Велес. Денеска маските му беа предадени на директорот на јавната здравствена институција, Никола Димов. Тој ја стави првата заштитна маска а потоа останатите беа поделени на сите вработени. Први од маските доби службата за Итна медицинска помош.
Предадена и втората количина на заштитни маски на ЈЗУ Општа болница Велес
29.03.2020
Професионалната шивачка Ружица Николова денеска на медицински сестри вработени во ЈЗУ Општа болница Велес им ја предаде втората изработена количина на повеќе наменски заштитни маски од хуманитарната акција “Велешанки за јавното здравје“. Со оваа количина всушност за сите вработени лекари, медицински персонал и техничка служба се изработени по две повеќе наменски заштитни маски.