Предадена првата количина на хуманитарни заштитни маски на ЈЗУ Општа болница Велес
Здравствените работници, техничкиот персонал и администрацијата во ЈЗУ Општа болница Велес денеска ја добија првата количина на заштитни маски сошиени од шивачки волонтерки од градот и помогнати од жени волонтерки.
Се шијат заштитните повеќе наменски маски за здравствените институции во Велес и во Чашка
Првата количина на заштитни маски, во своите домови, ја шијат шивачките Ружица Николова и Славица Костова. На машината оверлак им помага и пензионираната шивачка Стефанка Нешова. Со помош од волонтерки Буба Мишкова, Василка Најдовска и Јадранка Стефкова , се чистат и пеглаат маските што веќе го добија финалниот изглед. Ќе следи пакување на првата количина и предавање на болницата.
Повик за поддршка на иницијатива: „Велес може да помогнеме, со шиење на маски, на здравствените работници“
Почитувани велешани, граѓански активисти и општествено одговорни фирми како и поединци Фондација за локален развој и демократија „Фокус “ од Велес и ЈЗУ Општа болница Велес, партнерски, ја поддржаа иницијативата на пет обучени шивачки за волонтерско шиење на заштитни маски од дома за потребите на здравствените работници во јавните здравствени установи во Велес, кои се први на удар во справување со епидемијата на КОВИД 19.
Забава за деца, новогодшни подароци и пакетчња за 21 деца од семејства во социјален ризик
Ротари „Клуб Бели Мугри“ од Велес и Фондацја „Фокус“ од Велес за 21 дечиња од семејства во социјален ризик невработени родители и самохрани родители по шест пат ја организраа новогодишната забава во игротека.