(ВИДЕО) Новогодишна забава, подароци и пакетчиња за дечиња во Велес
Петта година по ред, Ротари клуб „Бели Мугри“ Велес заедно со Фондација Фокус, организираше предновогодишна забава за децата од семејства кои живеат во социјален ризик. Дваесет и едно дете, час и половина се забавуваа во игротеката „Парк“. Тие играа, пееја и се забавуваа заедно со чичтко Тони на познати хит песни како и на новогодишни детски песни. Децата ги придружуваа родителите кои не се во состојба да им пружат на нивните најмили новогодишни подароци.
„Фокус“ учествуваше на Денот на граѓански организации во Скопје
Фондација за локален развој и демократија Фокус - Велес на 14 септември 2019 година учествуваше на Денот на граѓански организации, организиран од Македонскиот центар за меѓународна соработка ( МЦМС) преку програмата Civica mobilitas, на плоштад Скендербег во Скопје.
Проект: „Фокус во фокусот“ - се разгледуваат, анализираат и реевидираат организациските процедури и прописи
На ден 14 март 2019 година, во просториите на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“-Велес се одржа работна средба со Герман Филков, Претседател на граѓанската организација „Центар за граѓански комуникации“-Скопје со Убавка Јаневска, извршен директор на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“- Велес, Димче Велев, основач и Јадранка Стефкова ангажирана како надворешен експерт во рамкитре на проектот.
Средба со Бејкова од НВО Инфоцентар и споделено искуство од практикување на процедури и постапки на ГО
Вреднувањето на професионалната комуникација меѓу вработените, било да е усмена или писмена, е од суштинска важност за успешна работа на граѓанските организации. Комуникацијата треба да биде транспарентна, чесна, да овозможува брзо реагирање и да биде ориентирана кон респектирање на тимот и тимската работа.