Утврдени главните области на делување на Фондација „Фокус“
Со цел да се утврдат насоки за долгорочен развој на Фондацијата за локален развој и демократија Фокус како основа на организацијата и работните процеси на фондацијата, на 3 јуни 2019 година, во просториите на фондацијата се одржа работна средба. На средбата присуствуваа извршната директорка Убавка Јаневска, основачот Димче Велев, претседателот на Одборот Пенчо Јаневски и експертката Јадранка Стефкова.
Фондација „Фокус“ стекнува нови искуства
Во рамки на проектот „Фокус во фокусот“ чија генерална цел е да се зајакне кредибилноста на Фондацијата, сериозен и одговорен чинител преку реевидирање и воспоставување на нови внатрешни правила и процедури, за ефективна, транспаретна и отчетна граѓанска организација на 21.12.2018 година, персоналот на Фокус, оствари посета на еден од своите стратешки партнери,НВО Инфо центар.
Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за институционален развој
Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС Велес, имплементирајќи го проектот „Фокус во фокусот“, чија генерална цел е зајакнување на кредибилноста на фондацијата како сериозен и одговорен чинител преку реевидирање и воспоставување на нови внатрешни правила и процедури, како ефективна, транспаретна и отчетна граѓанска организација. За потребите на проектот, објавува
Јавен повик за ангажирање на експерт/ка
за институционален развој
Фокус соработник на Општина Велес во организацијата на првата Меѓународна скулпторска колонија
Фондација „Фокус“ преку проект кој го аплцираше во Министерството за култура и помогна на Општина Велес да ја организира првата Mеѓународна скулпторска колонија во градот.