„Е - базата на податоци за граѓани од социјално ранливи групи потребна на повеќе граѓански организации и верски заедници о Велес
На 24 јануари 2020 година се одржа промотивен настан за подигнување на јавната свест за борба против сиромаштија и глад со претставници на повеќе граѓански организации, верски заедници, донатори и поддржувачи во Велес.
Работна средба во Црвен Крст за промоција на проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“
На 7 октомври 2019 година во просториите на Општинската организација на Црвен Крст во Велес се одржа работната средба на извршната директорка на Фондација „Фокус“ Убавка Јаневска и претседателката на „Хаус оф хоуп“ Ленче Здравкин со цел да се запознаат со проектните активности секретарот Орце Николов, вработените и волонтерите.
Во Општина Велес промовиран проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“
На 22 ноември 2019 година, извршната директорка на Фондација „Фокус“ Убавка Јаневска и претседателката на „Хаус оф хоуп“ Ленче Здравкин остварија работна средба со претставничките на општина Велес на која беше промовиран проектот.
Теренско мапирање на граѓани во социјален ризик во центар на Велес
На 4 ноември 2019 година започна мапирањето на семејствата во социјален ризик кои живеат во централното градско подрачје на градот. Тие се евидентираат како една од активностите на проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ што партнерски го реализраат „Хаус од хоуп - Ленче Здравкин“ и Фондација „Фокус“.