Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Со цел зголемено влијание над Општина Велес за отчетно и транспарентно издавање на градежна дозвола и овозможување на квалитетна и ефикасна услуга што ќе гарантира нулта толеранција на корупција, граѓани кои се соочиле со проблеми во законската постапка на издавањето на градежна дозвола анализираа и адресираа пропусти и заедно со експертот дипл. град. инг Костадин Настевски предложија конкретни мерки за остварување на транспарентен процес во делот испораката на сервисите кон граѓаните.

Анализата и адресирањето на проблемите од страна на граѓаните, според нивните искуства, посочуваат на сериозни недостатоци во функционирањето на градежната инспекциска служба на општината во примената на законската регулатива при градење во услови на стари и нефункционални Генерален и Детални урбанистички планови. Овие препораки произлегоа од следните примери: пролонгирање на роковите за издавање на градежни дозволи,за надградби и по десет години, чести стопирања на изведба на градежни објекти со препораки за промени на проектна документација од страна на инвеститорите, градби во чија изведбена постапка се пренаменува проектната документација од предвидени делови за гаражи во деловен простор, продадени локации за градба на државна земја што затвораат приоди кон постоечки објекти, голем број на диво изградени објекти кои по донесувањето на Законот се легализирани , поставени времени објекти на локации што се несоодветни, узурпирање на паркинг места пред згради за диви премини и друго.

Најголем дел од посочените примери се однесуваа на централното градско подрачје или на стариот дел на Велес. Состојбата не е поразлична ниту во новиот дел на градот и приградските населби.

Оваа фокус група ги даде следните генерални препораки: Велес итно треба да започне со подготовка на нова планска документација, Детални урбанистички планови како и Генерален урбанистички план, бидејќи постоечките се стари и не соодветни па создаваат дополнителни проблеми на граѓаните кои планираат легални градби, потребен е постојан инспекциски надзор особено за време на изведбената постапка на градежните објекти наспроти искуствата кои покажуваат излегување на инспекторите само по пријава од граѓани. Особено се бара да се запре дивото градење на објекти во Велес, приоритетно во стариот дел на градот каде бројот е голем, кои директно влијаат врз постоечкото сообраќајно решение и да се спречи злоупотребата од страна на граѓани што градат, надградуваат и навлегуваат во туѓи, соседни парцели.

Проекот е финансиски поддржан од Транспарентност Македонија преку Програмата „Граѓански организации и медиуми против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција“ на Европската Унија IPA/ 2017/392-520.