Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Постоечкиот Генерален урбанистички план ( ГУП ) на Велес е стар и не соодветствува со реалната состојба поточно неговата реализацијата е „ утопија“ и изработените, важечки, Детални урбанистички планови (ДУП-ви), се неквалитетни пред се поради подготовка од канцеларија а не со утврдување на фактичката состојба на терен. Ниту постоечките нови услови во старите градски јадра на Велес не соодветствуваат со правилниците за изработка на ДУП . При изработката на овие документи за да се поедностави постапката на издавање на Одобрение за градба потребно е да не се цртаат површините за градба туку само за намена, дебатираа учесниците во фокус групата државни службеници – јавна администрација вклучени во проектот „Транспарентна и отчетна постапка за градежна дозвола“.

Тие констатираа дека при донесувањето на ДУП отсуствува учеството на граѓаните , а со тоа и контролата на планираната состојба од страна на сопствениците на просторот. Поради ова често пати при реализацијата на Деталните урбанистички планови има незадоволство од засегнати странки кои во процесот на планирање не се одзвале на јавните повици за презентација на ДУП-от и не биле информирани каков развој општината предвидува на нивната парцела. Потоа се создаваат ситуации кога се нарушуваат меѓу соседски односи, се поведуваат судски постапки и се одолговлекува постапката како за издавање на Одобрението за градба така и на изведбата на градежните објекти. Според оваа фокус група претходниот Закон за градење на РМ беше подобар затоа што пропишуваше прво одобрување на Идеен проект па потоа изработка и одобрување на Основен проект. Така сите недоследности во изработката на проектот се решаваа уште во првата фаза на издавањето на Одобрението за градење што не е случај и сега бидејќи доставувањето на Идеен проект, според актуелниот Закон за градење, не е обврзувачко. Но, тоа создава сериозни проблеми во случаи кога Основниот проект не е изработен во согласност со Изводот од ДУП. Тогаш законски е дозволено корекции да се вршат два пати на Основниот проект. Токму поради ова често се одолговлекува постапката за издавање, се прекинува или се започнува нова.

Препорака: Добро изработен ГУП и ДУП усогласени и разработени подетално ќе ги намалат проблемите при издавањето на Одобрението за градење со активно вклучување на сите засегнати страни при донесувањето на плановите.

Во дискусијата, исто така, беше истакнато дека во реализација на ДУП –те голем проблем прават диво изградените објекти во Велес, над 8.000, и дека е потребно итно запирање како единствено решение за реализација на планската документација со која располага градот. Причина за експанзијата на дивоградбите е Законот за легализација, кој е недоследен, како и малиот број на вработени инспектори во Одделението за инспекциски надзор во Општина Велес кои воопшто не го следат дивото градење на објекти на целата територија на општината туку постапуваат само по пријави на засегнати граѓани. Згора на ова општина Велес има склучено договори и со соседните општини, Градско, Чашка и Лозово, според кои до скоро двајца а во моментов само еден инспектор треба да врши контрола и на нивната територија. Симболичната цена од 1 евро за метар квадратен како надоместок за легализација ја стимулираше и доведе до масовна појава

нелегалната градба во општината. Експанзијата на диво изградени објекти е охрабрена и од единствениот потребен документ за легализација или изјава на нотар дека објектот е изграден во предвидениот рок,до септември 2011 година.

Во Велес не постои Регистар на изградени објекти но, постојат примери кога барање за легализација на нелегален објект се поднесува еден месец пред да започне неговата изградба бидејќи никој не ја контролира состојбата на терен.

Општина Велес нема склучено договор со економски оператор за рушење на објекти. Исто така, во последните десетина години, не се случило ниту едно уривање на диво изграден објект. Од друга страна, членовите на фокус групата, констатираа дека Велес не располага со локации на кои граѓаните можат да купат парцела за изградба на легален објект.

Препорака: Општината итно да вработи најмалку уште четири до шест градежни инспектори, со задача за контрола на по два урбани блокови, првенствено да го спречат дивото градење. Така ќе може да се обезбеди секојдневна теренска контрола на реализацијата на издадените одобренија за градба. Општината, во плановите за развој, мора да развие Стратегија за ширење на градот и да изнајде начини и можности за создавање на нови урбани заедници во кои граѓаните ќе можат да го остварат правото на градење на легални градби, во согласност со Законот за локална самоуправа.

Изработката на голем дел од проектите за градење на семејни, колективни или стопански објекти, од страна на Проектантските бироа не е на потребното ниво. Извршената ревизија е про-форма па поради тоа проектите често пати се враќаат на доработка со што се пролонгира времетраењето на постапката за издавање на Одобрение за градба. Од друга страна службите на општината не располагаат со сите потребни профили на инженери кои се клучни да ги проценат фазите од проектната документација. Дел од администрацијата од Одделението за комунални дејности , вклучена во постапката за издавање на Одобрение за градење, извршува и други работни задачи што влијае на постапката за издавање на Одобрение за градење.

Препорака: Комората на овластени инженери и архитекти која издава Овластување за проектирање на градби и Министерството за транспорт и врски кое издава Лиценца за проектирање на градби да вршат контрола на работата на Проектантските бироа. Контролата особено да се однесува на Ревизијата на проектите и да превзема мерки согласно Законот за градење. Општината да се екипира со потребниот стручен кадар за навремено и квалитетно спроведување на постапката за одобрение за градење.

Во дискусијата посебно беше назначен проблемот со сообраќајот , паркирањето и недостатокот на паркинг простори во централното градско подрачје. Постојат многу примери кога од аспект на законската регулатива при проектирањето не се обезбедени соодветен број или воопшто не е предвидено паркинг место за секој стан. Исто така инвеститорите или пренаменуваат простор проектиран за гаражи во деловен или дополнително за гаражи бараат доплата. Така на велешките сообраќајници голем дел од возилата просторот наменет за паркирање го користат за гаражирање.

Препорака: Општина Велес да не дозволува изградба на објекти без решен паркинг простор или гаражен простор. Постоечките паркинг простори да ги менаџира за правилна искористеност преку воведување на наплата. Општината да изработи Студија за користење на постоечките паркинг простори како и за изградба на нови.

Проекот е финансиски поддржан од Транспарентност Македонија преку Програмата „Граѓански организации и медиуми против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција“ на Европската Унија IPA/ 2017/392-520.