Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Crvenkrst selfi

На 7 октомври 2019 година во просториите на Општинската организација на Црвен Крст во Велес се одржа работната средба на извршната директорка на Фондација „Фокус“ Убавка Јаневска и претседателката на „Хаус оф хоуп“ Ленче Здравкин со цел да се запознаат со проектните активности секретарот Орце Николов, вработените и волонтерите.

orce fn

Според Николов, станува збор за исклучително добро осмислени активности што се особено корисни за граѓанските организации кои работат на полето на намалување на сиромаштијата во општината. Секретарот на ОО на Црвен Крст, во исто време, покажа интерес за првата е-база на податоци изработена од граѓанска организација и побара таа да може да ја користат. Тој,исто така, понуди помош при подготвувањето на анализата со споредбени податоци со тоа што ќе ги стави списоците со корисници на помошти на Црвен Крст на располагање за да се подготви што подобар документ. За Николов се прифаливи предложените акции и иницијативи на Фондација „Фокус“ и „Хаус оф хоуп - Ленче Здравкин“ за собирање, селектирање, пакување и дистрибуција на пакети со храна за граѓани во социјален ризик. Службеното возило на Црвен Крст го стави на располагање за дистрибуција на пакетите до крајните корисници.

orceldjalence fn

Проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ е регрант на „ВСС ЕФЕКТ - Банка за храна“. Грантот е дел од неформалната мрежа за банкарство со храна ИПА-2017/394-257-БХМК, финансиски поддржан од Европската Унија.