Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

E baza1

На 24 јануари 2020 година се одржа промотивен настан за подигнување на јавната свест за борба против сиромаштија и глад со претставници на повеќе граѓански организации, верски заедници, донатори и поддржувачи во Велес.

За да не се повторува состојбата кога постојано исти корисници добиваат хумантарна или социјална помош од различни донатори, граѓанските органзации „Хаус оф хоуп - Ленче Здравкин“ и Фондација за локален развој и демократја „Фокус“, подготвуваат „Е - база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“.

Двете граѓански организации преку теренско мапирање ги прочистуваат постоечките списоци, бршат стари и евидентираат нови социјално немоќни семејства во општина Велес.

lence fn

Теренската работа во изминатите четри месеци во Велес воопшто не е едноставна работа.

- Сите ние поседуваме списоци, како граѓански органзации, Црвен Крст, МПЦ, Евангелската црква, ИВЗ, со граѓани на кои им е потребна помош и често во нив ги има податоците на исти семејства. Значи на тие им помагаме што значи дека други, на кои исто така им е потребна помош, неа не можат да ја добијат. Затоа излеговме на терен и од куќа во куќа реалзираме теренско мапрање со кое ја гледаме реалната ситуација кому во моментов навистна му е потребна помош, рече Ленче Здравкин претседателка на граѓанската органзација „Хаус оф хоуп“.

- По Велес, теренско мапирање ќе се спроведе во населените места Горно Оризари, каде живеат граѓани од бошњачка а од албанската заеднца во Бузалково. Теренската евденција ќе се внесе во електронска база на податоци што потоа ќе им се стави на располагање на донаторите, пред се на БСС ефект – Банка за храна а неа ќе можат да ја користат како граѓанските организации така и Центарот за социјални работи и општина Велес, рече Убавка Јаневска извршна директорка на Фондација „Фокус“.

orcebore fin

Тоа е добра практика, констатiраа на средбата преставниците на граѓанските организаци, на МПЦ, Евангелската црква и ИВЗ.

- Многу добар проект во кој Општинската организација на Црвен Крст ја дава безрезервната поддршка која значи освен ставање на располагање на списоците на нашите корисници на помошти за споредба на податоците исто така и логистичка поддршка на подмладокот и Активот на пензонерки при организирање на акции и иницијативи за собирање, пакување и дистрибуција на храната до крајните корисници. За неколку месеци ќе можеме да ја ставиме на располагање и бараката што ја поседуваме како мал помошен објект кај Железен Мост. Сметајте и на помош со возилото што го поседуваме, рече секретарот Орце Нколов.

-Кога ќе маме таква е-база тогаш секој од нас што се бави со хумантарни помошти со еден клик ке може да види кому треба приоритетно да се помага, правилно да се распореди помошта за да не завршува постојано кај исти семејства, рече отец Боре секретар на Епархија Повардарска.

- И Евангелската црква има потреба од вклучување во проекти кои се наменети за сиромашните граѓани бидејќи добиваме помошти во храна што потоа имаме потешкотии да ги реализираме. Во моментов 500 килограми на виршли треба да распределиме а не поседуваме податоци кому да ги дадеме, на кого се најпотребни. Затоа кога ќе можеме да искористиме информации од база на податоци ќе ни биде полесно и поедноставно со0 секоја наредна хуманитарна пратка, рече Игор Младенов.

- Ние засега немаме сигурни донатори. Сами за муслиманските верски празници собираме средства и купуваме храна што од годинава освен на муслиманите ја подаруваме и на христијаните. Ви стоиме на располагање и сакаме да учествуваме во заеднички акции за намалување на сиромаштијата и гладдта, рекоа претставниците на џамискиот Одбор. 

И донатори се заинтересирани за податоци од ваков вид во Велес.

E baza6 1

-Успевам во намерата да обезбедам финансиски средства за условен оброк. На месечно ниво фирми доаѓаат и плаќаат во мојата кафеана од 100 до 500 оброци. Јас ги подготвувам ама имам проблем при распределбата и затоа барам помош од Ленче Здравкин и од Убавка Јаневска за крајните корисници. Е-базата ќе ни биде од неверојатна помош. Ви стојам на располагање, рече угостителот Трајче Мешков.

- Како волонтери на подмладокот на Црвен Крст ние сме тука за организирање и реализација на иницијативи за собирање на помош во храна, рече Ивана Зафирова.

Ebaza 4

- Младинскиот клуб на Фондација Фокус преку волонтерство ќе се вклучи во секоја акција за помош на сиромашните граѓани, додаде Моника Алтиева

Ebaza3

Втората средба оваа фокус група ќе се одржи штом заврши теренското мапирање. Тогаш ќе се утврдат бројот и датумите на граѓански акции за собирање на храна, пакување диструбуција.

Проектот „Е-база на добро спакувани податоци за граѓани од социјално ранливи групи“ е регрант на „ВСС ЕФЕКТ - Банка за храна“. Грантот е дел од неформалната мрежа за банкарство со храна ИПА-2017/394-257-БХМК, финансиски поддржан од Европската Унија.