Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

ProektDetskizelenigradini fin

8.05.2020

Проектот: „Детски зелени градини“ на Фондација „Фокус“ ја доби финансиската поддршка на конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2020 година на Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање.

Проектот ќе се спроведува со учество на децата во шестиот клон на ОУДГ „Димче Мирчев“ и на учениците на ПОУ„Маца Овчарова“. Тие ќе одгледуваат билки во занималните и училниците, ќе го набљудуваат процесот од `ртење до врзување на билките и градинарските производи кои се планирани да бидат засадени во фолии во дворовите. Плодовите ќе ги берат и предаваат во кујните за да се користат во исхраната. Во исто време ќе се едуцираат за значењето на здрава храна.

ProektDetskizelenigradiniDogovor fin

Преку уредување на дворните места со засадување на садници, нивно одгледување, ќе допринесат за зголемување на зеленилото во градот. Во исто време ќе се едуцираат и за заштитата на животната средина.

Инклузијата е застапена низ повеќе интерактивни активности во проектот.