На краток состанок што се одржа на 17 јули 2020 година во салата за состаноци на Дом на НВО директорките на ОУДГ „Димче Мирчев“, Маја Велиновска и на ПОУ „Маца Овчарова“, Мирјана Стефановиќ како и проектната асистентка Весна Кочова ги разгледаа пристигнатите понуди од добавувачите на потребни материјали за реализација на проектот „Зелени детски градини“ и одлучија согласно возраста и степенот на развој на дечињата кои од понудите да бидат прифатени.
Исто така, внимание беше посветено и на цените на пристигнатите понуди.
Во подготовката на предлог планот за реализација на проектните активности се вклучи и извршната директорка на „Фокус“, Убавка Јаневска.
Проектот е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање на конкурсот за распределување за средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности на граѓански организации од областа на животната средина за 2020 со поддршка од 300.000,00 денари.