Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

anketirawe fin

Со цел да се детектираат проблемите и предизвиците со кои учениците се соочуваат во онлајн наставата во општински основни училишта во Велес како и во населените места Иванковци, Башино Село, Горно Оризари и Бузалково како и во четирите општински средни училишта во тек анкетирање на близу 1500 ученици.

Онлајн анкетата е активност од проектот: „Еднаквост за одржлив развој на заедницата- Креирање на база на податоци за родово буџетирање“ што Фондација Фокус го имплементира како грантист на Центар за истражување и креирање политики.

Подготвена е и анкета која е наменета за истражување на мислењето на родителите на учениците од македонска националност и шесте етнички заедници кои живеат на територијата на општината.

Проектот се реализира во временски период од шест месеци со финансиска поддршка на Центар за истражување и креирање на политики чиј донаторот е Аustrian Development Agency и SIDA во рамки на GBWN мрежа за родова еднаквост во рамки на GBWN мрежата за родов надзор на буџетот.