Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

1

Денеска, 26.02.2021 година, во населба Горно Оризари, Фондација за локален развој и демократија „Фокус “ ја започна анкетата којашто е дел од активностите на проектот: „Еднаквост за одржлив развој на заедницата – Креирање на база на податоци за родово буџетирање “ , наменета за родители на ученици и ученички од основно и средно образование.

Во населба Горно Оризари беа анкетирани вкупно 20 родители од бошњачка етничка заедница со цел детектирање на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат тие како родители и нивните деца, ученици и ученички, во изведувањето на онлајн наставата. Родителите го соопштија своето мислење околу придобивките и пропустите , како и проблемите при изведување на онлајн наставата . Дадоа и свое мислење како може да се подобри целиот образовен процес.

2

Викендов ќе се спроведе анкета и во град Велес како и во населените места Бузалково, Иванковци и Башино Село.

Анкетата е анонимна и резултатите од неа ќе бидат искористени при подготовка на анализата , како и на базата на податоци за потребите на проектот. Подготвената анализа ќе се презентира на завршен јавен настан заедно со препораките извлечени од анкетите.

Проектот се реализира во временски период од шест месеци со финансиска поддршка на Центар за истражување и креирање на политики чиј донаторот е Аustrian Development Agency и SIDA во рамки на GBWN мрежа за родова еднаквост.