Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

viber image 2021 04 05 13 35 5102

Фондација Фокус како соработник во реализацијата на проектот “Оддржлив урбан развој на Ромските заедници„ кој е поддржан од здружението за хумано домување “Хабитат-Македонија„ и Општина Велес започна со реализација на дел од почетните активности преку дистрибуција на информативни летоци на граѓаните кои живеат во реоните “Спомен Костурница„ во близина на Железен Мост и Карпа Маале во Велес.

Информативните летоци беа поделени со посета на домовите во кои живее Ромско население кога низ разговори и одговори на прашања им беа објаснети проектните активности како и придобивките од нивното учество во проектот.

viber image 2021 04 05 13 35 5001

Поделбата на летоците беше реализирана на три реони на ден 22, 23 и 24 март 2021 година. Во трите дена беа поделени 500 флаери.

Поради зголемениот број на граѓани со корона вирус во Велес, проектниот тим на фондацијата, со одобрување на донаторот, одлучи времено да ја запре теренската посета на граѓаните од Ромската заедница во месноста Рамина каде што живее и најголем број на граѓани и семејства од оваа етничка заедница.

viber image 2021 04 05 13 35 54

Со делење на летоци на Рамина проектниот тим на фонација Фокус ке продолжи штом се подобри состојбата со пандемијата, се намалат бројките на заразени Велешани во четвртиот ударен бран.

Проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници“ на Хабитат Македонија  финансиран е од Европска Унија од грант договор  број EuropeAid /162627/DD/ACT/MK.