Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

MOvcarova2

Комплетно нов изглед имаат дворовите на клонот „Ѕвончица“ на детската градинка „Димче Мирчев“ и ПОУ „Маца Овчарова“ во Велес. Во нив се засадени по 25 стебла на дрвја од видот туја, на оградните ѕидови на палети кои претставуваат вертикални градини закачени се вкупно 80 жардиниери со засадени семиња на хербални растенија и зачини и во земјените делови поставени се два пластеника за одгледување на градинарски растенија. Ова е резултат од 7 месечната реализација на проектот „Зелени детски градини“ на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес, во кои градинката и посебното училиште се партнери. Дворните места на објектите на двете институции се наоѓаат на левата страна на градот.

MOvcarova17

Целта на проектот беше јакнење на свеста на најмладите велешани за здрав начин на живот и чист воздух во Велес кој се’ уште ги трпи последиците од три децениското загадување со тешки метали. Израснатите плодови како што се чаеви, зачини, домати, пиперки, марули, лук, кромид, црн домат, ги одгледуваат децата и учениците и бербите завршуваат во нивните кујни за подготовка на чаеви, салати и оброци.

MOvcarova12

Проектот предизвика особен интерес во Министерство за животна средина и просторно планирање на чие свечено затворање присуствуваше заменик министерката Христина Оџаклиеска. Таа искажа задоволство од се што виде и искрено воодушевување што целната група на проектот беа деца, ученици и ученички кои од најрана возраст се едуцираат за најзначајните животни придобивки.

Gradinka9

Gradinka27

- Би сакала да ја изразам мојата благодарност што денеска бев поканета на овој настан. Со задоволство ги разгледав резултатите од проектот и можам да кажам дека секоја добра идеа ќе наиде на поддршка од институциите во системот. Во овој случај, оваа идеа добила поддршка од нашата институција, Министерство за животна средина и од Општина Велес. Јас би сакала да ве поддржам и во иднина да ги развивате вашите идеи и очекувам дека ќе бидете пример за сите останати градинки и училишта во вашата општина. Посебно значајно за мене е што со овој проект вие испраќате една силна порака дека свеста за заштита на животната средина треба да се всади уште во најраната детска возраст, затоа што освен што ја штитиме животната средина, дрвјата, растенијата, животните, сето тоа го правиме во крајна истанца и за граѓаните и за нашите дечиња да живеат во поздрава и поубава животна средина. Уште еднаш честитки за реализираниот проект и навистина ви посакувам успех и ве охрабрувам за сите ваши добри идеи да побарате поддршка од институциите. Во идинина, ова треба да биде пример и за сите други училишта и градинки, додаде Оџаклиеска.

Gradinka10

Gradinka29

- Чест и обврска и задоволство е во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓаните и граѓанките на Велес и во лично мое име, прво да им честитам на преставничките и преставниците на Фондација Фокус, за прекрасната идеа која е одлично реализирана. Потоа да им честитам и да им се заблагодарам на вработените и на директорките на училиштето „Маца Овчарова“ и на детската градинка „Димче Мирчев“ за учеството во овој проект, за кретивноста, за осмислувањето на сите овие содржини, за соработката со фондацијата „Фокус“ и за убавиот изглед на сето тоа што ни беше преставено. Најголема благодарност на Министерството за животна средина и просторно планирање за одобрените 300.000 денари за реализација на овој проект на кој Општина Велес се надоврза со 70.500 денари обзебедени од локалниот буџет. Со овој проект велешани уште еднаш потврдуваат дека имаат најсилно изразена и изградена еколошка свест во цела држава. Благодарение на битката што ја водевме во минатото за здрава животна средина и добро е што продолжуваме по тој пат да бидеме повторно пионери, предводници, затоа што бев информиран дека ваков проект, ваква зелена детска градина нема во ниту една градинка и училиште во нашата земја. Посакувам овој пример да го следат и училишта и градинки, а министерството и бизнис заедницата да ги препознаваат овие идеи и да ги поддржуваат во наредниот период. Најважно е што дечињата коишто се згрижени во детската градинка како и дечињата кои учат во училиштето „Маца Овчарова“ уште од најрана возраст се воспитуваат да имаат правилен однос кон животната средина, кон здравјето на луѓето и правилен однос колку е значен здравиот начин на живот и здравата храна за добро здравје и за квалитетен живот. Тие на свој начин заедно со своите воспитувачки, наставнички го прават тоа како што бевме информирани и се надевам дека ќе израснат во вистински личности кои ќе имаат правилен однос кон животната средина, кон природата, здравјето, кон производството на здрава храна. На сите ви честитам и имам особена чест што поддржавме ваков проект, рече Градоначалникот Аце Коцевски.

Gradinka13

Gradinka18

Финансиските поддржувачи на проектот Министерството и Општината, освен благодарници добија и фотографски албуми со голем број на фотографии од реализацијата на проектот како и примерок од боенка. Додека фирмите „Делта Пром“, „Хемомак Пестициди“, „Ронтис“, фабрика за шински возила „Велес“, ШС „Бабуна“, ЈКП „Дервен“, ЗГ „Акцијаш ветерани“ , како и помошник директорката во ЈП „Национални шуми“ м-р Маре Басова и дипл. арх. инг. Цветанка Саздова, благодарници за општествена одговорност, за волонтерство, за граѓански ангажман и за посебен придонес во реализацијата на проектот „Зелени детски градини“.

Gradinka37

Благодарница на Министерство за животна средина

Gradinka43

Благодарница на Општина Велес

Gradinka48

Благодарница на ЈП Национални шуми

Gradinka51

Благодарница на ШС „Бабуна“ Велес

Gradinka59

Благодарница на ГП „Делта Пром“

Gradinka60

Благодарница на Фабрика за шински возила „Колска“

Gradinka63

Благодарница на ЗГ „Акцијаш ветерани“

Gradinka67

Благодарница на ЈКП „Дервен“