Во месец септември 2020 година започнаа едукативните работилници од проектот „Зелени детски градини“ со дечињата од клон „Ѕвончица“ во ОЈУДГ „Димче Мирчев“ во Велес.
По оценката дека станува збор за квалитетно осмислен , едукативен, инклузивен, еколошки и особено потикнувачки за грижа за животната средина како и за здрав начин на исхрана за најмладата популација во градот Општина Велес одлучи со 71.150,00 денари да го поддржи проектот „Зелени детски градини“ на Фондација Фокус со партнерите.
На краток состанок што се одржа на 17 јули 2020 година во салата за состаноци на Дом на НВО директорките на ОУДГ „Димче Мирчев“, Маја Велиновска и на ПОУ „Маца Овчарова“, Мирјана Стефановиќ како и проектната асистентка Весна Кочова ги разгледаа пристигнатите понуди од добавувачите на потребни материјали за реализација на проектот „Зелени детски градини“ и одлучија согласно возраста и степенот на развој на дечињата кои од понудите да бидат прифатени.