Петта година по ред, Ротари клуб „Бели Мугри“ Велес заедно со Фондација Фокус, организираше предновогодишна забава за децата од семејства кои живеат во социјален ризик. Дваесет и едно дете, час и половина се забавуваа во игротеката „Парк“. Тие играа, пееја и се забавуваа заедно со чичтко Тони на познати хит песни како и на новогодишни детски песни. Децата ги придружуваа родителите кои не се во состојба да им пружат на нивните најмили новогодишни подароци.
- По петти пат сме заедно со дечињата и со Фондација Фокус во пресрет на Нова година. Задоволни сме од фактот што во еден момент причинуваме задоволство кое се гледа на лицата на деца. Сакаме и тие да имаат безгрижно детство. Затоа посакувајќи им среќна нова 2019 година наша најголема желба е нивните родители да се вработат и така да се подобрат условите во кои живеат тие со своите семејства, рече Милан Димитриевски секретар и иден претседател на Ротари клуб „ Бели Мугри - Велес“.
Овие дечиња најсреќни беа кога во игротеката „ненадејно влезе Дедо Мраз“ и им ги подели новогодишните подароци и пакетчиња. На нивната радост и немаше крај. Не пропуштија да се фотографираат со Дедо Мраз и со себе да го понесат убавиот спомен што токму за нив го овозможи Граѓанското здружение Ротари „Бели Мугри – Велес“.
На овој линк е дел од новогодишната забава на дечињата