Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

jasslavicaruzica fin

Првата количина на заштитни маски, во своите домови, ја шијат шивачките Ружица Николова и Славица Костова. На машината оверлак им помага и пензионираната шивачка Стефанка Нешова. Со помош од волонтерки Буба Мишкова, Василка Најдовска и Јадранка Стефкова , се чистат и пеглаат маските што веќе го добија финалниот изглед. Ќе следи пакување на првата количина и предавање на болницата.

sod rBojagjiev fin

Оваа прва количина на заштитни маски е наменета за ЈЗУ Општа болница Велес. Со неа треба да се заштитат од вирусот „Ковид 19“ здравствените работници: лекарите, медицинските сестри, болничарите, техничкиот персонал и секако административните работници на оваа најголема јавна здравствена установа во Велес.

Заштитните маски се за повеќекратна намена. Изработени од богасија тие ќе можат да се перат, пеглаат и стерилизираат. Така ќе се овозможи секој здравствен работник, од вкупно 382 вработени, во велешка болница да добие за почеток по две маски и да се заштити на работното место.

RuzicaVaskaiSani fin

Иницијативата на велешанката Николова, да му се помогне на јавното здравство во градот, преку шиење на повеќенаменски заштитни маски ја прифати Фондација за локален развој и демократија „Фокус“. Веднаш се пријави шивачката Славица Костова. Прва со 30 метри богасија ја поддржа велешанката Билјана Ѓурова. Печатницата „ Графика М“ на Мики Мурџев донираше со печат на првата количина на која се наоѓа логото на Фондација „Фокус“ и пораката на акцијата „Велешанки за јавното здравје“.

Од денеска со нив е и Стефанка Нешова како и Буба Мишкова, Василка Најдовска и Јадранка Стефкова.

BubaiRuzica fin

jadramkazafocus fin

Денеска нови 30 метри богасија купија и вработените, кои донираа сопствени средства,од администрацијата на велешката компанија „Ронтис“. И други фирми и велешани се понудија за донирање на парични средства како би помогнале во заштитата на здравствените работници во јавните здравствени установи во градот од инфективното заболување. Тие се први на удар на болеста која го зафати светот.

Доколку се одзват поголем број на волонтерки, пред се шивачки, тогаш веднаш ќе можат да се пуштат во изработка и потребните 121 заштитна маска за вработените во ЈЗУ Здравствен дом Велес. И за оваа јавна здравствена установа се планирани 242 заштитни маски. Секако со акцијата „Велешанки за јавното здравје“ се планирани да се опфатат уште Центарот за јавно здравје каде се вработени 87 и Специјалната болница „Јасеново“ во која се вработени 47 здравствени работници, администрација и технички персонал.