На ден 14 март 2019 година, во просториите на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“-Велес се одржа работна средба со Герман Филков, Претседател на граѓанската организација „Центар за граѓански комуникации“-Скопје со Убавка Јаневска, извршен директор на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“- Велес, Димче Велев, основач и Јадранка Стефкова ангажирана како надворешен експерт во рамкитре на проектот.

На средбата беа разгледани, споредувани и анализирани процедурите и прописите според кои работи и секојдневно ги применува Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ како и на Центарот за граѓански комуникации.

По анализата Филков даде повеќе корисни препораки кои ќе бидат земени во предвид при подготвувањето на новите внатрешни процедури и правила на Фондацијата и нејзиното соодветно усогласување со барањата на меѓународните стандарди и на донаторите.

Ова е втора работна средба што Фокус ја организира како дел од активностите во рамките на реализацијата на проектот „Фокус во фокусот“ .

 

Проектот „Фокус во фокусот“ е поддржан во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество државно финансирање на граѓански организации“ ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Блканаската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските оргазнизации од Словенија (ЦНВОС). Програмата за структура и поддршка на граѓанското општество и медиуми 2016 – 2017 преку ИПА фондовите.