Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

AnitaSamargjieva1

Стратешко планирање обезбедува добро планирање на активностите и на работата на граѓанските организации. Освен што е во согласност со мисијата и визијата, стратешкото планирање обезбедува вклученост на органите на управување, сите вработени и сите засегнати страни во утврдувањето на целите на ГО. Затоа оваа постапка е многу значајна за работата на секоја граѓанска организација која особено цели кон подготовка на долгорочна Стратегија за развој но и кон носење на квалитетен Годишен план за работа како и на Годишна програма за работа. 

Овие препораки произлегоа од работната средба на 17 април 2019 година во Фондација за поддршка на мали и средни претпријатија - Регионален центар Велес со директорката Анита Самарџиева.

AnitaSamargjieva2

Фондација Фокус со Фондација за поддршка на мали и средни претпријатија - Регионален центар Велес има долгорочна соработка, со потпишан Меморандум за соработка, поттикнат од стратешко оперативните цели за Развој на социјални и економски процеси на Фокус. Поттикнувањето на партнерства со бизнис заедницата и развојот на женското претприемништво се специфичните цели на Фондација Фокус во организациската стратегија за периодот 2017 -2020 година.

Работната посета на Фондација за поддршка на мали и средни претпријатија - Регионален центар Велес е активност од проектот „Фокус во фокусот“со цел да се зајакнат капацитетите на фондацијата во сите области на работа меѓу кои и стратешкото планирање.

Проектот е поддржан во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество државно финансирање на граѓански организации“ што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Блканаската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските оргазнизации од Словенија (ЦНВОС). Програмата за структура и поддршка на граѓанското општество и медиуми 2016 – 2017 преку ИПА фондовите.