Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

SlovenijaSloga fin

Во периодот 6-7 мај, 2019 година, работен тим на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“- Велес реализираше студиска посета на три граѓански организации во Љубљана, Република Словенија со цел да ја анализира примената на стандарди за управување со квалитет во граѓанскиот сектор.

SlovenijaUmanotera fin

На работните средби со Албин Кеуц, директор и Маријан Хуч, советник за застапување на Платформата „Слога“, со директорката Гаја Брецел на словенечката Фондација за одржлив развој „УМАНОТЕРА“ и раководителкаta за застапување,Тина Дивјак на Мрежата на словенечки невладини организации ЦНВОС беа разгледани искуствата и практиките на граѓанските организации во Република Словенија на планот на имплементација и одржливост на стандардите за управување со квалитет во граѓанскиот сектор.

SlovenijaCSNVO fin

Покрај управувањето со квалитет, на сите работни средби беа разгледани програмите за поддршка од националните тела и меѓународните организации во Република Словенија, особено европските фондови како и можностите за понатамошна соработка. 

Од средбите произлегоа конкретни препораки врз основа на стекнатите искуства и најдобри практики во примената на стандардите за управување со квалитет и континуирано зајакнување на капацитетите на граѓанскиот сектор во Република Словенија.

SlovenijaKeuc

На средбите беа разгледани и механизмите на финансирање, поддршка и вмрежување на граѓанските организации во Република Словенија како и најдобрите практики за соработка, развој на партнерства на национално и меѓународно ниво како и модалитетите на поддршка на невладиниот сектор на локално и регионално ниво. На работните средби особено внимание беше посветено на механизмите на самопроценка на влијанието на граѓанскиот сектор во заедницата.

На 7 мај, 2019 година, тимот на Фондацијата „Фокус“ оствари средба со г-дин Матјаж Флорјанц Лукан, Државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија. Средбата беше реализирана врз основа на воспоставената успешна соработка и реализацијата на проектот „Еконмско зајакнување на жените од Вардарскиот регион“ што Фондацијата Фокус го реализираше со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Република Словенија, во периодот јуни 2014-септември 2017 година.

SlovenijaLukan fin

Како што најави г-дин Лукан, врз основа на средбите со граѓанските организации во Љубљана, во рамките на ова студиска посета, отворени се можности за градење на партнерства во голем број меѓународни и билатерални програми.

Република Словенија останува отворена за трансфер на знаења, со фокус на знаењата во областа на невладините организации и нивното активно учество во позитивните промени во општеството. Г-дин Лукан даде силна поддршка на партнерствата помеѓу словенечките и македонските граѓански организации.

Студиската посета во Словенија реализирана во рамки на проектот „Фокус во фокусот“ овозможи да се направи увид на лице место за практиките на воведување и одржување на меѓународните стандарди за квалитет во Република Словенија, но и добрите практики на управување и работа на граѓанските организации. Од дводневната студиска посета произлегоа значајни препораки и заклучоци кои во фазата на финализација на проектот можат во голема мера да придонесат за подобри  резултати.

Студиската посета е дел од планот активности за имплементација на проектот „Фокус во фокусот“ во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество - државно финансирање на граѓански организации што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС, Балканската мрежа за развој на граѓанско општество БЦСДН и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓански организации од Словенија ЦСНВО со финансиска поддршка на Програмата за структура и поддршка на граѓанското општество и медиумите 2016-2017 ИПА