Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

cetvrtarabotilnicaFokusvofokusot2

На работилницата што се одржа на 30 мај 2019 година пред присутните членови на Одборот, на Комисијата за контрола на материјално финансовото работење на фондацијата, волонтери и поддржувачи беа презентирани искуствата од работните средби што основачите и експертката Јадранка Стефкова ги остварија со партнерските организации во Македонија и во Љубљана, Република Словенија за воведување на стандарди на работење на Фокус.

Основачите, Димче Велев и Убавка Јаневска, ги запознаа присутните со препораките од домашните граѓански организации додека експертката Јадранка Стефкова со препораките на словенечките граѓански организации за воспоставување на внатрешни правила и процедури во работа на Фокус .

cetvrtarabotilnicaFokusvofokusot fin

Таа нагласи дека од овозможениот увид на лице место на практиките на воведување и одржување на меѓународните стандарди за квалитет во Република Словенија, но и добрите практики на управување и работа на граѓанските организации во рамки на дводневната студиска посета, произлегоа значајни препораки и заклучоци кои во фазата на финализација на проектот можат во голема мера да придонесат за подобри резултати.

Присутните дебатраа за најзначајните препораки кои се однесуваа на констатациите дека процесот на сертификација не е најважниот аспект на стандардот бидејќи тој се воведува за потребите на самата организација и исклучиво е насочен кон континуирано подобрување на нејзините капацитети како и за стандардот PQASSO кој е прескап и за словенечките и за македонските граѓански организации затоа што тие тешко обезбедуваат средства за негова имплементација и за оддржување, потоа за стандардот специјализиран за невладиниот сектор што го имплементираат низ десетгодишното искуство и работа CNVOS и SIQ што беше препорачан за Фондацијата Фокус затоа што во целост е прилагоден кон потребите на граѓанскиот сектор, не е скап зата што чини максимум 600 евра и реално може да се имплементира за краток временски поериод, со поддршка на CNVOS и SIQ.

cetvrtarabotilnicafokusvofokusot3

Дебата се разви и по пепораката дека Фондацијата Фокус треба да работи на својот профил и специфичните теми врз чија основа ќе ги креира идните краткорочни и долгорочни стратегии и планови кои ќе ги следат националните, но и стратегиите на ЕУ, потребата од изработка на организациски органограм, политика на квалитет и процедури кои не треба да ги има во голем број, но треба да произлегуваат од начинот на работа, во комбинација со законската регулатива и барањата на стандардот како и за особено важните препораки кои се однесуваа на тоа дека во процесот на стандардизација потребно е да се пренесат добрите практики и да се вклучат што е можно повеќе граѓански организации во Вардарскиот плански регион со што ќе се придонесе за јакнење на капацитетите во процесот на евроинтеграции.

Граѓанските организации во државава, вклучително фондацијата Фокус, треба да посветат особено внимание на планирањето, финансиската транспарентност и проценката на влијанието во заедницата при тоа добро да се анализираат сопствените капацитети и слабости со цел поуспешно да го спроведе процесот на воведување на стандардот за квалитет со посебно внимание на процедурите кои треба да произлегуваат од специфичните потреби на организацијата, за ефективност и ефикасност во работата што краткорочно, а особено долгорочно се одразува позитивно на нејзиното влијание во заедницата како и дека во наредниот период, во соработка со граѓанските организации од Република Словенија треба да се работи на заеднички активности и проекти и на планот на достигнувањето на стандардите за квалитет и на планот на реализација на проекти во интерес на граѓаните.

cetvtarabotilnicafokusvofokusot1

На работлницата беше одреден составот на работните групи за креирање на конечните правила и процедури за работата на Фондација Фокус и тоа за административно - архивско работење, за финансиско - сметководствено работење и за раководење со човечки ресурси.

По работата во групи беше составен тим од основачите, Пенчо Јаневски - претседател на Одборот на фондацијата и Убавка Јаневска - извршна директорка за да ги дефинира конечните правила и процедури на Фокус.

Реевидирањето на процедурите и постапките на Фокус  се дел од проектот „Фокус во фокусот“ поддржан во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество државно финансирање на граѓански организации“ што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските  оргазнизации од Словенија (ЦНВОС). Програмата за структура и поддршка на граѓанското општество и медиуми 2016 – 2017 преку ИПА фондовите.