Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

LeskovskaiToleska fin

Десанка Лесковска и Јорданка Толеска, членки на Организацијата на жени на Општина Велес ја проследија презентацијата на сетот документи кои се подготвени како резултат на едногодишната реализација на проектот „Фокус во фокусот“ на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес одржан на 27.06.2019 во салата на Дом на НВО во Велес.

UbavkaDesankaTolevska vezba

За потребата од подобрување на работните процеси во насока на обезбедување на квалитетни услуги за корисниците кога целна група се жените во Велес со Лесковска и Толеска беше реализирана вежба со примена на Постапката за внатрешна и надворешна комуникација П4.5/1 која ги утврдува правилата и принципите за комуникација со надворешни лица, партнери, соработници и корисници на услуги.

LeskovskaTolevskakompjuter

Согледувајќи ги бенефитите од воведувањето на оваа постапка во работата на Организација на жени на Општина Велес Лесковска и Толевска констатираа дека приоритетно потребно е градење на капацитетите на граѓанската организација чии членки се тие и секако пренесување на добрите практики на Системот на квалитет и на нивното раководство.

Проектот „Фокус во фокусоте поддржан во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество државно финансирање на граѓански организации“ што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските  оргазнизации од Словенија (ЦНВОС) преку ИПА Програмата за структура и поддршка на граѓанското општество и медиуми 2016 – 2017.