Сашка Коцевска, менаџер и Олгица Наумоска, финасиски менаџер ја проследија презентацијата на сетот документи кои е подготвен како резултат на едногодишната реализација на проектот „Фокус во фокусот“ на Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ – Велес.
Претставничките на ЕД „Вила Зора“ со долгогодишно искуство во граѓански сектор покажаа интерес за Прирачникот за квалитет и го оценија како квалитетен документ што треба да го има секоја граѓанска организација која цели кон долгорочен развој граден на принципите транспаретност, отчетност, одговорност, професионалност, достапност и отвореност за соработка.
Како активистки на граѓанска организација која спроведува домашни и партнерски меѓународни проекти, Коцевска и Наумоска, покажаа особен интерес за Прирачникот за управување со финансиски ресурси ПФ 6.1/1. Тие констатираа дека иако работат долги години во нивната граѓанска организација не располагаат со постапки и процедури кои би го подигнале квалитетот на севкупната работа на ЕД „Вила Зора“.
За потребата од подобрување на работните процеси во насока на обезбедување на квалитетни услуги за корисниците кога целна група се сите граѓани на Општина Велес, со потреба од здрава и чиста животна средина, со Коцевска и Наумоска, беше реализирана вежба во која беа примети дел од процедурите за управување со финансиски ресурси. Тие на крајот ги констатираа предностите од воведувањето во практичната работа на Системот за квалитет за кој рекоа дека своето искуство ќе го пренесат на комплетното раководство на ЕД „Вила Зора“.
Проектот „Фокус во фокусот“ е поддржан во рамки на Програмата „Одржливо граѓанско општество државно финансирање на граѓански организации“ што ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските оргазнизации од Словенија (ЦНВОС) преку ИПА Програмата за структура и поддршка на граѓанското општество и медиуми 2016 – 2017.