Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес е грантист на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ на Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ и Евротинк – центар за европски стратегии“. Во периодот од септември 2018 година до февруари 2019 година Фокус ќе го реализира проектот со наслов „Читај и меѓу редови“ чија цел е да ја зголеми свеста кај младите во Вардарски плански регион за медиумска умешност и да поттикне градење

на критички став. Токму затоа целна група на проектот се средношколците од „Гимназија Кочо Рацин“ во Велес и Гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци.

Преку проектните активности ќе се едуцираат 80 средношколци, по 40 од двете училишта за штетното влијание од медиумските манипулации, ќе се зголемува продукцијата на регионален медиум и веб портал со содржини за медиумска умешност и критичко размислување, подготвени од вклучените средношколци во проектот. Медиумските производи ќе бидат посветени на специфични теми креирани на едукативни работилници.

Со реализација на проектните активности ќе се влијае на подигнување на отчетноста и одговорноста на медиумите преку креирање и објавување на 16 медиумски содржини. Ќе се создаде и мрежа од ученици, родители, професори, општински просветни инспектори, новинари и медиуми како и граѓански организации за борба против дезинформации и манипулации како и за градење на критичка мисла.

Низ проектните активности во формат на едукативни работилници, форуми, подготовка на медиумски производи, учениците ќе ги води проектниот тим на Фондација Фокус и експерт новинар Саше Димовски. Учениците ќе поминат низ серија обуки и едукации со цел да научат да прават разлика помеѓу дезинформација и точна вест од јавен интерес.

Едуциран и медиумски писмен млад човек значи одговорен граѓанин на општетството.

Медиумски партнери на Фондација Фокус во реализација на проектот се регионалната телевизија КТВ од Кавадарци и веб порталот Дума.мк од Велес.

Реализацијата на проектот „Читај и меѓу редови“ на Фондација Фокус е финансиски поддржан од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.