Публикации

 
policy briefweb 2
javni nabavkiweb 2
Fokus Analiza2018 v4 web 1

Учениците од Гимназијата „Добри Даскалов“ во улога на репортери. Излегоа надвор  и правеа анкети за прилозите кои треба да ги подготват. Ги прашуваа граѓаните на Кавадарци за загадениот воздух и состојбата на фудбалскиот стадион, теми кои сами ги избраа на претходните две едукативни работилници.

Во првиот дел од третата едукативна работилница, учениците заедно со експертот новинар ги дефинираа темите на кои ќе работат, ги анализираа и ги утврдија изворите што им се потребни за прилозите.

Потоа ја посетија КТВ Телевизија, медиумскиот партнер на Фондација Фокус во реализација на проектот „Читај и меѓу редови“. Таму се запознаа со целокупниот процес на обработка на снимениот материјал, подготовка и презентирање на вести.

Прилозите што ќе ги подготват учениците заедно со проектниот тим и експертот-новинар, ќе бидат објавени на медиумскиот партнер Регионалната КТВ телевизија од Кавадарци.

Проектот „Читај и меѓу редови“ Фондација „Фокус“го реализира како дел од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“ и го спроведуваат Метаморфозис и Евротинк. Финансиски е поддржан од Европската Унија.

17.12.2018