9.03.2020
На обуката „Младите и европските вредности“, што од 6 до 8 март, годинава, се одржа во Струга учествуваа претседателката на Клубот на млади на „Фокус“ Макфире Ахмедова и секретарот Ивана Мирчевска.
На обуката освен што учесниците на младинските организации од 10 градови во државата , кои имаат статус на основни и придружни членки на Коалиција „СЕГА“, на иновативен и креативен начин ги презентираа сопствените граѓански организации исто така се едуцираа и за европските вредности.
Едукаторот Синиша Петковски им помогна на учесниците да стекнат нови искуства и да развиваат добри практики во локалните заедници во државата.
Учесниците на обуката преку активности во заедницата треба да ги поттикнат младите на што поголем граѓански активизам, волонтерство и креативно исполнување на слободното време преку промоција на човекови права, мир, толеранција, соживот и взаемно почитување.